ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Климатските промени во суштина ја „напаѓаат“ универзалната вредност на културното наследство

May 30, 2022 16:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Едно од ретките нешта што не може да се купи со пари е времето. Но, затоа парите ги „купија“ временските услови, а данокот што сите го плаќаме се климатските промени, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во онлајн обраќање во рамки на настанот на високо ниво „Влијанијата на климатските промени врз културното и природното наследство во Југоисточна Европа“, кој се одржа како дел од грчкото претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска изразила загриженост поврзана со истражувањата на Европската комисија за климатските промени и нивното влијание врз Европа според кое, најпогодени, со екстремни временски услови и пораст на температурите од 3 до 7 степени, ќе бидат земјите од регионот на Југоисточна Европа, регион кој ги опфаќа нашите држави.

Како претставници на едни од најхуманите ресори во нашите влади, додаде таа, должни сме постојано да алармираме за разорните последици од климатските промени.

– Сакам да нагласам дека во екот на светската пандемија од КОВИД-19, мојата Влада трипати го зголеми буџетот за заштита на културното наследство и отвори нова буџетска линија за итна интервенција на културното наследство во опасност. И сега, кога сите ги прекројуваме буџетите, принудени од познати причини и непозната иднина, ние остануваме посветени на заштитата на културното наследство свесни за неговата непроценлива цивилизациска вредност, рече министерката.

Во тој контекст, министерката за култура ја истакнала важноста од регионална соработка, потенцирајќи ја притоа соработката со Европскиот центар за византиско и поствизантиско наследство во Солун за заштита на црквата во Курбиново од 12 век, која е на тентативната листа на УНЕСКО, како и соработката со Република Албанија за заштита на Охридскиот Регион кој е впишан на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство со исклучителна вредност.

Според Костадиновска-Стојчевска, сѐ повеќе се зголемува бројот на културни добра во опасност. Ако кон сите слабости се додаде и разорниот момент на климатските промени, додаде таа, неопходна е заедничка мобилизација за соработка со УНЕСКО и со меѓународната заедница.

– Флексибилниот механизам и мапирањето на слабостите се добри алатки за превенција преку размена на информации, искуства, сознанија, процена на ранливоста, проекти и програми за преземање навремени адаптациски мерки, порача министерката за култура.

Домаќин на настанот на кој учествуваа министри за култура, за туризам и за животна средина од земјите од регионот, како и претставници од УНЕСКО и други организации, беше Министерството за надворешни работи на Грција./МИА/

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Викендов 151 новозаболен од Ковид-19, тројца починати и 194 оздравени

НАЈНОВО

Фото:МИА

Доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

October 23, 2025
Фото: Ви

Путин нареди зголемување на редовната руска армија на 1,5 милиони, во активна резерва се дополнителни 2 милиони

October 23, 2025

Убиени двајца новинари во руски напад врз Краматорск

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk