ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Фотографија од книга лажно претставена како британски учебник за шесто одделение во кој брат и сестра водат љубов

May 30, 2022 21:57
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На фотографијата е споделен текст на англиски јазик, од книга, со сексуална содржина и фотографија од двајца млади кои имаат интимен однос. Книгата, иако предизвика огромни негативни реакции од родителите во Велика Британија, сепак не е учебник за шесто одделение и не претставува дел од наставната програма во британските училишта. Според пишувањата на британските медиуми, меѓу кои и Дејли Мејл, станува збор за книга која предизвикала бројни негативни реакции кај родителите, бидејќи е наменета за деца на мала возраст, од 4 до 8 години, пишува Вистиномер.мк.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој, преку споделена фотографија, се тврди дека е претставен учебник за шесто одделение во кој брат и сестра водат љубов.

На фотографијата е споделен текст на англиски јазик, од книга со сексуална содржина и фотографија од двајца млади кои имаат интимен однос. Книгата, иако предизвика огромни негативни реакции во Велика Британија, сепак, не е учебник за шесто одделение и не претставува дел од наставната програма во британските училишта. Таа е преведена од германски јазик.

Дополнително, во текстот не станува збор за тоа дека брат и сестра водат љубов, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме. Според пишувањата на британските медиуми, меѓу кои и Дејли Мејл, станува збор за книга која предизвикала бројни негативни реакции кај родителите, бидејќи е наменета за деца на мала возраст, од 4 до 8 години. Причината за негативните реакции на родителите е тоа што во книгата експлицитно се објаснува сексуален однос. Дејли Мејл наведува дека книгата е насловена „Моето тело се развива” од 64-годишната авторка Дагмар Геислер, а во неа има детално опишани пасуси за сексуалните односи, што ги мотивирало родителите да побараат од училиштата каде учат нивните деца целосна листа на достапните книги, за да се уверат дека книгата ја нема во училишните библиотеки.

Шокирани мајки и татковци ја нападнале авторката Дагмар Геислер, откако прочитале делови од нејзината книга која наликувала на порнографски материјал, пишува Дејли Мејл.

Книгата опфаќа и содржини за различни форми на контрацепција, вклучително и за таблети за контрацепција. Дејли Мејл додава дека стотици гневни родители го нападнале авторот онлајн откако делови од книгата биле споделени на социјалните мрежи. За жестоките гневни реакции на родителите пишува и британски Сан.

Иако во книгата навистина е опишан секс меѓу девојка и момче на исклучително живописен начин, сепак, таа не е дел од наставна програма во Велика Британија, како што се тврди во постот што го рецензираме.

Книгата се продава на Амазон и опишана е како „водич за деца во претшколска возраст и во почетните години на основното образование, со цел да поучи дека не сме толку различни, без разлика дали станува збор за момчиња или за девојчиња“.

Иако од надвор можеби изгледаме слично, сите сме внатрешно своја сопствена личност. На оваа возраст, нашите тела и умови се менуваат како што растеме. Со запознавањето на учениците од класот 4 Б, младите читатели ќе научат како нивните умови и тела функционираат. Ќе научат за пријателствата, стереотипите за половите и за правата што ги имаат како деца, пишува во книгата, а објавува Дејли Мејл.

Авторката исто така во книгата ја адресира сексуалната злоупотреба и зошто е важно таа да се пријави на возрасен. Се додава дека читателите ќе се запознаат со темите на пубертетот, заљубувањето, сексот и забременувањето.

Книгата кај родителите предизвика бројни и жестоки негативни реакции. Сепак, не станува збор за задолжителна литература и не е дел од наставната програма во училиштата во Велика Британија. Во книгата, исто така, наспроти шокантното тврдење во постот, не е опишан секс меѓу брат и сестра. Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека претставената фотографија илустрира учебник за 6 одделение од Велика Британија во кој брат и сестра водат љубов.

Next Post

Маричиќ-Абазовиќ: На патот кон ЕУ најважно е регионот да соработува

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk