ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Соработката со Светска Банка резултира само со успех

May 31, 2022 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со Ана Бјерде, потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија Линда Ван Гелдер, регионална директорка за Западен Балкан при Светска банка Шиаочинг Ју, директорка за стратегија и операции при Светска банка, Масимилијано Паолучи директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски ја посети градинката во Волково изградена преку Проектот за подобрување на социјални услуги финансиран од Светска банка.

На посетата беа презентирани конкретни резултати постигнати во рамки проектот поддржани од експертизата на нивниот тим.

„Една од целите на Проектот е зголемување на опфатот на децата во предучилишните установи и унапредување на квалитетот на услугите во истите. За   период од околу 3 години изградени се или се во фаза на изградба 16 градинки со кои се отвораат околу 2000 нови места за згрижување на деца. Детските установи се градат по светски трендови, каде што децата се во центарот на вниманието и просторните услови се прилагодени и опремени за да овозможат нивна мобилност, развој и учење преку игра. Истите се енергетски ефикасни, и насочени кон заштита на животната средина. “ изјави Тренчевска.

Министерката додаде  дека се имплементираат и инструменти за мерење на развојот на децата како и на усогласување  на студиските програми за иницијално образование на воспитувачите, со што ќе  се потврди дека сите активности водат кон вистински позитивни промени.

„Паралелно вложуваме и во зајакнување на капацитетите на вработените во градинките. За таа цел спроведовме и обуки за кадрите од градинките на тема„Конструктивизам, учење базирано на игра и учење базирано на решавање проблеми “ каде беа опфатени 1366 воспитувачи. Во следниот период ќе се спроведе обука на 1500 лица вработени во градинките на тема „Околина за учење и инклузија“, како дел од планираните 5 модули за обука на кадарот со кој ќе се овозможи унапредување на вештините за работа со деца “ истакна Тренчевска.

Министерката додаде дека покрај влогот во предучилишното воспитание Министерството работи и на значајна реформа која води кон воспоставување и развој на нови социјални услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица.

„Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари лица, а останатите се за развој на услугите дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и рехабилитација, дневен престој за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и советување.  Досега услугите ги добиваат 522 корисници и ангажирани се вкупно  216 претходно невработени стручни лица.“ рече Министерката.

 

Next Post

Изборот на уставни судии утре и задутре на седница на Комисијата за избори и именувања

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

„V for Vendetta“: Како Лондон стана сцена на забранетата револуција и моќта на „Запомнете го петти ноември“

November 5, 2025
Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk