ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски со писмо до Пендаровски, очекува приоритетно потпишување на донесените законски измени за земјоделство

May 31, 2022 15:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски писмено и телефонски го информирал претседателот на државата Стево Пендаровски дека во Собранието поминаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои на тутунопроизвподителите ќе им бидат исплатени 1,3 милијарди денари.

Николовски се надева, како што објави на својот Фејсбук профил, дека овој, но и идните земјоделски закони ќе станат пример за конструктивност и политичка култура, наместо симбол на кочење, блокади и политички пресметки.

– Благодарност до претседателот Стево Пендаровски кој истакна дека одблиску ја следел целата дебата и случувања поврзани со законското решение, како и дека потпишувањето на овој Закон од негова страна ќе биде со врвен приоритет. Искрено се надевам дека овој, но и идните сетови закони предложени од страна на Министерство за земјоделство кои земјоделците долго ги очекуваат за да ги остварат своите права, ќе станат пример на конструктивност и политичка култура, наместо симбол на кочење, блокади и политички пресметки за освојување на власта што оди на директна штета на македонскиот земјоделец, а со тоа и на сите граѓани, напиша Николовски.

Тој во целот го објавува писмото до Пендаровски преку кое, од името на засегнатите земјоделци, апелира претседателот да даде приоритет во потпишувањето на овој Закон со што забрзано ќе се овозможи исплатата на заслужената поддршка и на финансиски средства за стимулација на земјоделците и земјоделското производство во вакви кризи времиња.

– Во овој клучен период се носат исклучително важни закони за нашите сограѓани земјоделци и традиционалните земјоделски семејства. И покрај повеќемесечното кочење и блокирање на овие важни закони предложени од Владата, барем за момент покажавме дека доколку заедно на прво место ги поставуваме приоритетите на граѓаните, наместо теснопартиските интереси, може да се носат разумни одлуки од кои полза има целото македонско општество. Моето лично убедување, кое неколку пати и директно го истакнав пред пратениците и Собранието, е дека токму ова е наша основна работа како политичари – постојано да го штитиме и застапуваме интересот на сите граѓани. Во овој период на економска, енергетска и потенцијална криза за храна, во соработка со земјоделците, нивните здруженија и експертската јавност, носиме навремени одлуки со кои ги антиципираме тековните и идни предизвици поврзани со поддршка на производството на стратешки важните земјоделски култури, подвлекува министерот во писмото./МИА/

Next Post

Дезинформациите можат да придонесат за дестабилизирање на државата

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk