ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груевски и Божиновски да бидат прогласени за виновни, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителството за случајот „Талир 2“

May 31, 2022 16:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Груевски и Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, додедека седиштето на политичката ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе во завршните за овој предмет.

Според обвинителот Лапе, обвинетите Груевски и Божиновски политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја третирале како било кој трговски субјект.

-Така, обвинетите пристапиле кон преземање низа дејствија сето во насока да политичката партија противправно се стекне со имот – ново партиско седиште и со противправна имотна корист – финансиски средства, а спротивно на законските ограничувања, изјави Лапе.

Според исказите од сведоците и изведените докази, обвинителот Лапе, рече дека Груевски и Божиновски, биле тие кои ја дефинирале содржината на јавниот оглас, а не партиските органи.

-За обврските содржани во јавниот оглас, видно од одлуката за објавување јавен повик за доставување понуди за соинвеститорство на ИК, верификувана од ЦК, органите на партијата не дискутирале. Самите одлуки на ИК и ЦК доведени во корелација со содржината на објавениот јавен оглас всушност ги потврдуваат индициите од незаконски следените разговори дека токму обвинетите Груевски и Божиновски биле тие кои ја дефинирале содржината на јавниот оглас, а со тоа и условите и обврските за понудувачите содржани во истиот, изјави Лапе.

Со објавата на јавниот оглас од страна на обвинетите Груевски и Божиновски, обвинителот Лапе, потенцираше дека е оставен простор за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и стекнување на сопственост на имот, кој согласно закон политичката партија не ни можела да го стекне.

-На 4.10.2012 година И.К. на ВМРО-ДПМНЕ носи решение за овластување, со кое го овластува обвинетиот Кирил Божиновски, Генерален секретар на партијата, да го потпише договорот за соинвеститорство со Д.Г. Бетон А.Д. Скопје, како најповолен понудувач на јавниот повик. Ваквото решение е потпишано од обвинетиот Никола Груевски, рече Лапе.

Од исказите на проектантите, обвинителот Лапе, рече дека првично проектирале објект на четири ката, а потоа следела промена и во висината и во ширината, како и во намената.

-Доколку исказите на сведоците се доведат во корелација со изведените докази се доаѓа до заклучок дека Д.Г. Бетон А.Д. Скопје бил избран да го изведува проектот уште пред поднесување на понудата по јавниот оглас за соинвеститорство. Имено, како што појаснија проектантите, на почетокот проектирале пониска и помодерна зграда согласно ДУП, кој бил на важност од  31 мај 2011 година до 28.06.2012 година. Значи, проектирањето првично започнало, пред 28.06 2012 година, а за потсетување, одлуката за соинвестоторство е верификувана од Ц.К. на ВМРО-ДПМНЕ на 1.07.2012 година, додека јавниот оглас е објавен на 11.07.2012 година, изјави Лапе.

Судењето за овој предмет го води судијката Даниела Алексовска – Стојановска./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски - Рено-Басо: Јасна поддршка од ЕБРД за започнатите проекти и справувањето со aктуелните предизвици

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk