ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Маричиќ ќе ја предводи македонската делегација на „Стокхолм +50“

June 1, 2022 12:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска е во официјална посета на Кралството Шведска каде ќе ја предводи македонската делегација на глобалниот состанок за животната средина „Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, на која заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ќе земат учество, информираат од СЕП.

Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе се обратат лидерите и шефовите на делегациите, додека пак министерот Нуредини во рамки на глобалниот состанок ќе има свое обраќање на лидерскиот дијалог насловен: „Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.

Во рамки на посетата на Стокхлом вицепремиерот Маричиќ ќе оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линден, а ќе се сретне и со претседавачот со парламентарната група на пријатели на Западен Балкан, Аднан Дибрани и претседавач от со ЕУ Комитетот, Пири Ниеми и генералната директорка на Шведската развојна агенција, Карин Јамтин.

Планирани се средби и со генералната секретарка на Олаф Палме, Ана Сундсторм и неговиот партиски хомолог, меѓународниот секретар на шведските социјалдемократи, Јохан Хасел.

„Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“ ќе се одржи пет децении по Конференцијата на Обединетите нации за човековата средина во 1972 година. Настанот ќе им даде можност на лидерите да се осврнат на 50-годишната мултилатерална еколошка акција за да се постигне храбра и итна акција потребна за да се обезбеди подобра иднина на здрава планета.

Во мај 2021 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за здружување на глобалната еколошка заедница во Стокхолм, Шведска на голем меѓународен состанок за животната средина на 2 и 3 јуни 2022 година, во неделата посветена на Светскиот ден на животната средина./МИА/

Next Post

Секој ден руските сили во Украина извршуваат околу 200-300 воени злосторства

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk