ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Секој ден руските сили во Украина извршуваат околу 200-300 воени злосторства

June 1, 2022 12:33
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Oд почетокот на руската инвазија на Украина,  до 31 мај, загинати се 243 деца, а повеќе од 446 деца се повредени. Не постои можност за увид во областите што се гранатираат за да се утврдат вистинските податоци за загинати и повредени дец, информираат украинските власти.

Главната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, на заедничкиот прес-конференција со обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, истакна секој ден во Украина се извршуваат околу 200-300 воени злосторства.

Според украинското Министерство за одбрана, Русите во војната против Украина користат забрането оружје. Ова особено се однесува на противпешадиски мини, кои непријателот ги поставува дури и на телата на луѓето убиени од руските сили.

Најчесто руските сили користат мини ПОМ-3 опремени со сеизмички сензори како и мини MES-50, MES-100, PMN-2, кои се забранети со Конвенцијата на Отава. Сепак, како што известуваат од Министерството за одбрана, Русија не е на списокот на земји кои гласале за нивната забрана.

Главната задача на забранетите мини што ги користи Русија е да убиваат луѓе во радиус од неколку метри, или да нанесе тешки повреди.

Русите чуваат во Ростовската област 540 деца земени од Доњецката област, извести советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко. Според него, од 540 приведени деца, 267 се од територијата на Мариупол вклучувајќи го округот Волноваха.

„Во моментов децата се подготвуваат за поедноставена процедура за доделување Руско државјанство според неодамнешните измени на рускиот закон. Најлошото нешто е дека овој процес е надгледуван директно од Марија Лвова-Белова, рускиот претседателски комесар за детски прашања“, се вели во соопштението.

Регион Харкив

На 30 мај, руските окупатори ги гранатираа областите Основјански и Харкив, како и областите Изиум, Чугуив и Боходухив, соопшти шефот на регионалната војска на Харкив, Олех Синегубов.

„Повторно се оштетени станбени објекти. Уништени се и две училишта. Руските сили продолжуваат да ја уништува украинската образовна и културна инфраструктура. Има три загинати жена во селото Коротич, кај Харков, еден полнолетен маж во селото Уди од областа Боходухив и една жена во селтоо Чкаливске, во областа Чухуив. Вкупно 14 цивили се повредени во регионот. Четири од нив се луѓе во Харков, меѓу кои и 16-годишно момче. Во селото Коротич, област Харкив, 5 цивили биле повредени, меѓу кои и 13-годишно девојче. Утрото на 31 мај продолжи гранатирањето на населените места во регионот. Во село Иванивка загина 12-годишно дете, а еден цивил е повреден“, информира министерството за одбрана на Украина.

Областа Изиум

Во Золочив почина уште една жена. Според Државната гранична служба, се врши гранатирање на населени места вклучително и со забранети кластери. За време на војната, 31 цивил беа убиени, а најмалку 64 беа повредени при гранатирање на заедницата Золочив. Само во последните два дена руските сили имаат убиено три лица.

Региони Донецк и Луганск

Според МВР на Украина, критичната инфраструктура во Северодонецк е речиси 100% уништена. Оштетени се 90% од станбените објекти. Во изминатите 24 часа, на 30 мај, руските војници пукале врз 46 населени места во Луганск и регионите на Доњецк, сооопшти прес-службата на сојузничките сили.

Руски воени сили убија шест цивили во Торецк, Славјанск и Лисичанск и раниле 16 други. Информациите за жртви и загинати постојано ажурираат.

Според Националната полиција на Украина, руските сили со ракети Искандер го погодиле Славјанск

Руските војници уништле и оштетиле 73 цивилни објекти, меѓу кои: 65 високи и приватни згради, две училишта и фабрика за преработка на јаглен во Донбаенерго термоцентрала во Славјанск, детска градинка,

2,5 илјади тони валани челик биле натоварени на уски брод, известува Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко. Бродот отпловил до пристаништето Ростов на Дон. Покрај тоа, руските сили најавиле „национализација“, односно де факто киднапирање на 34 бродови оставени во пристаништето Мариупол. Процесот на преименување и менување на знамињата веќе започнал.

Депортирање

Во камп во селото Безимен биле депортирани 320 жители на Мариупол, меѓу кои 32 деца. 345 жители на Мариупол, меѓу кои и 37 деца од градот Таганрог, биле депортирани во селото Безимен, известуваат украинските власти.

Како што соопштуваат, руските сили започнале процес на идентификување и собирање бездомници во Мариупол. Претходно тоа били деца кои ги изгубиле своите родители за време на окупацијата на Мариупол. Конкретно, познато е дека биле земени околу 15 деца кои биле згрижени од жителите на Мариупол, се наведува во извештајот.

Регион Чернихив

Поради гранатирањето на руската војска во Чернихив, 3 од 5 големи пумпнит станици за вода биле целосно уништени. Тоа го попречува снабдувањето со вода до горните катови на зградите и влијае ефикасноста на канализационите мрежи, објави прес-службата на регионалната воена администрација на Чернихив

Регион Суми

Ноќта на 31 мај, руската војска го гранатираше регионот Суми, објави Дмитро Живицки, шеф на регионалната воена администрација Суми. Околу полноќ руски авион кој не ја преминал украинската граница испукал два проектили во заедницата Есман.

„Речиси истовремено со ова, гранатирањето на заедницата Билопилија започна самоодната артилерија“, рече Живицки.

Во 3 часот по полноќ била гранатирана и заедницата Велика Писаривка од територијата на Русија, со околу 10 артилериски напади. Шефот на регионалната воена администрација Суми, забележа дека во нападите нема жртви.

J. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk