ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Данците на референдум се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на ЕУ

June 2, 2022 11:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Три месеци по руската инвазија на Украина речиси 67 отсто од Данците се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на Европската унија, покажуваат речиси целосно обработените резултати од вчера одржаниот референдум.

Позитивниот исход од изјаснувањето доаѓа откако Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, бидејќи војната во Украина поттикна неколку европски земји да ги променат своите одбранбени политики.

„Данска вечерва испрати важна порака до нашите сојузници во Европа и НАТО и до Путин. Покажавме дека кога Путин напаѓа слободна земја и ја загрозува европската стабилност, ние, другите земји, се обединуваме“, изјави синоќа премиерката Мете Фредериксен. Таа уште нагласи дека Европа постоела и до 24 февруари, пред руската инвазија, а ќе постои и по неа.

Данска е членка на ЕУ од 1973 година, но во 1992 година беше против трансферот на поголеми овластувања на Брисел, кога 50,7 отсто од Данците го отфрлија Договорот од Мастрихт, основачкиот договор на Унијата. За да стапи во сила тој мораше да биде ратификуван од сите земји-членки. За да ги убеди Данците да го поддржат договорот, Копенхаген преговараше за серија исклучоци и Данците конечно го поддржаа „Мастрихт“ во 1993 година.

Данска остана и надвор од единствената европска валута отфрлајќи го еврото на референдумот во 2000 година, како и од заедничките политики на унијата во областа на правосудството, на внатрешните работи и на одбраната.

Изземањето од одбраната значеше дека таа скандинавска земја што е една од основачките на НАТО, не беше дел од заедничката надворешна политика на ЕУ кога е во прашање одбраната и не придонесуваше во воените мисии на Унијата.

Две недели по руската инвазија на Украина, данската премиерка соопшти дека со повеќето партии во Парламентот било договорено да се распише референдум за приклучување на Данска кон Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и да инвестира многу во одбраната за да ја надмине границата од два отсто од БДП за одбраната, согласно заложбите на НАТО./МИА/

Next Post

Надградување и зацврстување на билатералните односи - Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk