ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хелсиншки комитет: Одлуката за утврдување реони за градинки во Oпштина Карпош не може да важи за веќе запишани деца

June 2, 2022 11:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По најавата дека од 10 јуни од градинките во општина Карпош ќе треба да се отпишат сите деца што не живеат на територијата на оваа општина, од Хелсиншкиот комитет за човекови укажуваат дека одлуката на Општината не може да се применува ретроактивно, односно не може да ги опфати децата кои претходно биле уредно запишани во градинките. Таа, нагласуваат, може да важи само од моментот на нејзиното донесување.

Во врска со ова прашање до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обратиле повеќе родители, загрижени дека ваквата одлука негативно ќе влијае на нивните деца, од кои дел се со попреченост, по што Комитетот се обратил до Министерството за труд и социјална политика со барање за постапување во конкретниот случај.

– Од Министерството извршиле надзор врз работата на органите на општината и дале укажување дека децата, кои досега се уредно запишани и ги посетуваат предучилишните установи во општината, треба да продолжат со згрижувачко-воспитниот процес, согласно одредбите од Законот за заштита на деца во делот на прием на деца, како и одредбите од Конвенцијата за правата на детето и Уставот на Република Северна Македонија. Децата кои се примени во предучилишните установи во општина Карпош, а се од други општини, уредно се примени од страна на јавните установи и имаат склучено договори и посетуваат градинка подолг период. Тие моментално се соочуваат со ситуација која негативно ќе влијае врз нив и не е во нивен најдобар интерес, а ова особено ги засега децата со попреченост, имајќи ги предвид нивните специфични потреби, се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Од Хелсиншкиот комитет укажуваат дека одлуката на Општина Карпош не може да се применува ретроактивно, односно не може да ги опфати децата кои претходно биле уредно запишани во градинките, односно таа може да важи само од моментот на нејзиното донесување. Впрочем, како што велат од Хелсиншкиот комитет, тоа е наведено и во самиот текст на одлуката на Општината, која била усвоена на 20 април 2022 година.

-Поради ова, а во насока на исполнување на најдобриот интерес на децата, бараме од општината и од градоначалникот на општина Карпош да не ја толкуваат незаконски сопствената одлука и предвремено да не ги раскинуваат претходно и уредно склучените договори, а одлуката да важи од денот на донесување и само за идни уписи во предучилишните установи, додават од Хелсиншкиот комитет./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

СДСМ: Со лустери и плочки од 100.000 евра во Белиот дворец ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за животниот стандард

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk