ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот

June 3, 2022 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 што се одржува во Братислава, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со неговиот колега, премиерот на Словачка Република Едуард Хегер.

На средбата двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои во последно време дополнително се динамизираат и унапредуваат со отворањето на амбасадата на Република Северна Македонија во Братислава.

Двајцата премиери на средбата истакнаа дека активностите на амбасадата ќе дадат дополнителен поттик за сеопфатен развој на билатерални односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската соработка со Словачка и со земјите членки на Вишеградската група.

Премиерот Ковачевски во разговорот со словачкиот премиер Хегер се заблагодари за континуираните јавни застапувања и изјави на највисоки претставници на Словачката Република за недвосмислената поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, каква што беше заедничката иницијатива со Чешката Република за блокирањето на усвојувањето на заклучоците на ЕУ во однос на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан кои содржат неприфатливи референци за некои историски прашања.

Премиерите Ковачевски и Хегер се согласија дека е крајно време Северна Македонија и регионот да добијат силна, јасна и кохерентна порака од сите земји членки и институции на ЕУ за почеток на преговорите за членство за да се потврди нивната европска перспектива.

Застојот во процесот на пристапување во ЕУ, беше речено на средбата, предизвикува силни безбедносни ризици, и сега е моментот конзистентните напори на Северна Македонија и Албанија да се препознаат од страна на ЕУ со што побрзо започнување на пристапните преговори без одлагање.

 

Next Post
Тамила Велковска, претставник на Меѓународниот штаб за помош на Украинците и член на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“. Фото: Фронтлајн

Тамила Велковска: После 100 дена од агресијата врз Украина, на сите им е јасно дека Путин не постигнал ништо од планираното

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk