ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

June 3, 2022 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, информираат владините служби.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и за промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во стабилен и просперитетен регион и дека во таа насока отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија е клучно за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања како што се дијалогот Белград – Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Истовремено, рече на средбата премиерот Ковачевски, средбите со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич се поттик и за унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Ковачевски, во негово име и во име на Владата и народот, изрази задоволство што Северна Македонија беше првата земја од Европа што го одржа првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство, со цел да се обезбеди непречен и континуиран развој на блиската соработка меѓу двете земји, особено во деловната соработка.

Next Post

Повторно РКЕ ќе носи одлука за цената на горивата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk