ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Активистичка инсталација: Пинокио во Скопје, укажува на опасноста од лажните вести

June 4, 2022 13:58
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се чини дека на улиците на Скопје веќе некое време се води вистинска битка, но наместо со оружје и насилство, оваа битка се води преку креативни акции кои „вршат фронтален напад“ врз дезинформациите и лажните вести кои во последните неколку години стануваат вистинска напаст и закана не само за нашето општество, туку и во светски рамки.

По поставувањето серија на активистички инсталации кои на најраспространетите дезинформации и лажни вести ја спротивставија народната мудрост, денешната активистичка креатива потсетува на авантурите на Пинокио и неговите премрежија предизвикани од Лагата и разноразните лажговци, разбојници и крадци кои му го загорчуваат животот.


Да се потсетиме, на Пинокио во книгата на Карло Колоди му растеше носот по секоја кажана лага, беше ограбен, заробен, фрлен во море, дури и претворен во магаре (!) пред да се ослободи од лагите и слаткоречивите измамници.

Во моментите кога светот се соочува со совршена бура од егзистенцијални кризи – безбедносна криза настаната по суровата агресија на Руската Федерција врз Украина, енергетска криза, економска криза и да не ја заборавиме здравствената криза која никако да помине, сведочиме на еден глобален информациски судир меѓу демократските и автократските земји. Меѓу концептите за отворени либерални демократии и затворените, репресивни, тоталитарни режими.

Овој судир се карактеризира со масовна употреба на дезинформации и лажни вести кои се свесно создадени и пласирани, како дел од детално планирана пропаганда, чија цел е да се заведе јавноста во насока која им одговара на нарачателите на дезинформациите, со тоа нарушувајќи го единството во општеството, поткопувајќи ги напорите за здравствена заштита, предизвикување на паника, нарушување на односите во рамки на едно општество, или помеѓу државите, а неретко и загрозување на безбедноста на граѓаните.

Во предизборните периоди, авторите и нарачателите на дезинформации и лажни вести дури се обидуваат и да влијаат на исходот на изборите, исклучиво во интерес на нарачателите кои многу често не се дел од домашната политичка сцена, туку странски агенти кои имаат свои интереси во земјата која е таргетирана од дезинформациите.

Пинокио е прекрасна алегорија за опасноста од лагата и измамата и навистина сите треба да се замислиме и да почнеме да ги проверуваме сите вести кои ни се сервираат, особено преку социјалните мрежи.

Лагата, колку и да ни се чини привлечна на прв поглед, со себе носи само штета и може сериозно да ни го загрози и животот. Исто како и народните поговорки кои постојано ја осудуваат лагата и приказната за Пинокио во себе носи наравоучение кое можеби сме го подзаборавиле и тоа ни носи само штета.

Д. Е.

Next Post

Евгениј Дајнов за Дојче Веле: Да знаев што сака Бугарија од Северна Македонија, ќе бев многу среќен човек

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk