ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Радев: Провокација и варварски чин е палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“

June 4, 2022 19:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште една провокација, варварски чин и дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија, вака претседателот на Бугарија Румен Радев го квалификува палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Радев порачува дека „институциите во Република Северна Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор“, пренесува БГНЕС.

„Сакаме да веруваме“, нагласува Радев во ставот што го соопшти прес-службата на шефот на државата, „дека повиците што денеска ги слушаме од официјалните институции во Северна Македонија – решително да се бараат сторителите на овој варварски чин, ќе се реализираат на дело“.

-Палењето на културниот центар на Бугарите во Битола е уште една провокација, дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија. Толерирано повеќе или помалку од официјалните власти, со години наоѓаше израз во уривањето споменици, спомен-плочи, сквернавењето на воените гробишта поврзани со Бугарите и нашата заедничка историја. Преку навреда и искривување на историските вистинити текстови за Бугарија и Бугарите во учебници, книги, филмови, натписи во музеи и јавни места, таа ги труе и продолжува да ги труе умовите на многу генерации и да го попречува развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, се наведува во ставот на Румен Радев.

Според Радев, „не случајно Бугарија ги поставува најважните услови за нашиот договор за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вклучување на граѓаните со бугарски идентитет во уставот на земјата како нација која ја гради државата и дава сигурни и неповратни гаранции за надминување на говорот на омраза. За жал, и денес владејачката партија и опозицијата во Република Северна Македонија не можат да постигнат парламентарно мнозинство за да ги исполни овие темелни критериуми на демократијата“.

– Истовремено, треба да забележиме дека досега не знаеме ниту еден сторител на многубројните слични криминални дејствија врз Бугарите во Република Северна Македонија. Денес, додека работиме напорно за да ги надминеме тешкотиите и нерешените прашања и да го следиме нашиот заеднички пат до обединета Европа, институциите во Република Северна Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор, ниту да ги осакати и ограничува нашите билатерални односи, е ставот на Радев.

Next Post

Заедничка остра осуда од Османи и Генчовска за инцидентот во Битола

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk