Украинските сили продолжуваат да ги уништуваат руските сили во Северодонецк, нанесуваќи им тешки загуби.
„Уништени се непријателски утврдувања, две пешадиски борбени возила БМП-1 и автомобили“, информираат од регионалната воена управа на Луганск во врска со 57-та посебна моторизирана пешадиска бригада, пренесува Укринформ.
Објавено е видео кое го прикажува уништувањето на руската воена опрема во источниот дел на градот.
Како што беше соопштено, на 5 јуни, началникот на регионалната воена управа на Луганск, Серхиј Хаидаи, изјави дека украинските трупи ги одбивале назад руските напади во окупираните области на Северодонецк во последните два дена. Според него, руските војници контролирале 70 отсто од градот, но биле исфрлени, а градот сега бил поделен на половина.
Ј. Ѓ.