ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прилеп добитник на наградата на ЕУ за „Најзелена општина“ во Република Македонија

June 6, 2022 18:12
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во присуство на Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалници, пратеници, директори на претпријатија, претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски и градоначалникот Борче Јовчески, Општина Прилеп ја доби наградата за Најзелена општина за 2021 година како дел од кампањата за промоција на Европскиот Зелен Договор. Делегацијата на Европската Унија ја промовираше „Наградата за најзелена општина” во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ. На отворениот повик, објавен на 3 март 2022 година по повод Светскиот ден на дивиот свет, сите општини во Република Македонија беа поканети да аплицираат со прикажување на нивните најдобри примери за управување со цврст отпад во 2021 година, пренесуваат од официјалната страна на Општина Прилеп.

„Ми претставува чест и  задоволство што токму Општина Прилеп ја добива наградата за најзелена општина во Република Македонија за 2021 година, како дел од кампањата за промоција на Европскиот Зелен Договор. Како градоначалник на најзелената општина, сакам да истакнам дека денес сме горди домаќини на конференцијата „Најдобра пракса за управување со комунален отпад- затоа што немаме резервна планета“ организиран од проектот финансиран од ЕУ „ЕУ за општините“. Воедно сакам да ја искористам приликата да го честитам Светскиот ден на животната средина 5 јуни и да упатам порака дека ние луѓето мораме да направиме се што можеме, за да живееме во една здрава и чиста животна средина. Во името на сите граѓани на општина Прилеп и во мое лично име сакам да изразам огромна благодарност за наградата за најдобри практики во областа на управувањето со отпад. Ве уверувам дека ова за нас како општина, ќе претставува само дополнителен поттик  во иднина да ги продолжиме добрите практики во оваа област. Сигурен сум дека претставуваме и цврсто стојам на ставот и заложбите дека и во иднина ќе претставуваме позитивен пример за многу други општини во Република Македонија да преземат конкретни и решителни  чекори, со цел да постигнат уште подобри резултати од Прилеп, во сегментот на правилното третирање и управување со отпадот“, посочи градоначалникот Јовчески во своето обраќање.

Доделувањето на наградата беше извршено во рамките на конференцијата „Најдобра практика за управување со комунален отпад – затоа што немаме резервна планета” организирана во рамките на проектот ЕУ за општините финансиран од Европската Унија. Осум општини – Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година. Одборот за евалуација, составен од експерти од  Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Јуроп Хаус ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации. Одборот за евалуација го препозна Прилеп како општина која најдобро ја покажа еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година.

Во рамки на посетата „ЕУ со ТЕБЕ” на Прилеп евроамбасадорот Гир  ја посетија и  Пречистителната станица – инвестиција од ЕУ вредна осум милиони евра која го подобрува квалитетот на водата, како и квалитетот на животот на прилепчани од 2019 година. Подоцна, амбасадорот Гир и градоначалникот Јовчески  го посетија и  Прилепското езеро, чиј статус на спортско-рекреативен комплекс во хармонија со природата беше подобрен со поддршка од ЕУ вредна 0,47 милиони евра.

 

 

Next Post

Ковачевски: Нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk