Неформалната група граѓани „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“ одржаа протест пред српското претседателство, најавен по повод посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавува Anadolu Agency, пренесува босански Дневни аваз.
Десетина граѓани се собраа со транспаренти: „Во Хаг, а не во Белград“, како и паролите „Благодариме соседи, ја спасивте Србија од срам“, на кои стоеја и црногорското, македонското и бугарското знаме.
Организаторите рекоа дека го откажале митингот затоа што Лавров ја откажал посетата, а еден од претставниците на групата, Чедомир Стојковиќ, рече дека Србија има причина да слави денеска бидејќи „претставник на воените злосторства и пропагандата за агресија во Украина не дошол во Белград благодарение на поддршката што на слободниот народ во Србија му ја дадоа пријателските соседни држави
Тој рече дека би било штета ако дојде Лавров бидејќи оваа земја ќе се покаже како земја за која злосторствата во Украина се прифатливи и дека тоа ќе биде „прст во окото на украинските бегалци“.
Стојковиќ додаде дека целта на собирот е да се покаже дека во Србија живеат луѓе кои се борат за вистинските вредности, кои вклучуваат раскинување со „криминалниот режим на Владимир Путин и побрз пристап во Европската унија“.
Граѓани во неколку наврати застанувале и се обидувале да се расправаат со неформалната група, а тие кратко им одговарале, а цело време била присутна и полиција во цивилна облека.







