ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кошарац ги поддржува активностите за вклучување на БиХ во иницијативата „Отворен Балкан“

Според него, зајакнувањето на соработката и подобрувањето на економските врски во регионот треба да бидат приоритет на институциите на сите нивоа на власт во БиХ.

June 7, 2022 11:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац ги поддржа активностите на Народното собрание на Република Српска и српските претставници во заедничките институции за приклучување на БиХ кон регионалната иницијатива  „Отворен Балкан“, пренесува Анадолија.

– Го поздравувам вчерашниот заклучок на Националното собрание за поддршка на вклучувањето на БиХ во иницијативата „Отворен Балкан“, со што се потврдува дека Република Српска е трајно посветена на зачувување на мирот и стабилноста преку соработка на иницијативите за интеграција, рече Кошарац.

Тој потсети дека српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пред две години го покренал прашањето за пристапување на БиХ во овој регионален проект, кој овозможува бројни придобивки за граѓаните и бизнис заедницата преку единствен регионален пазар, слободен пристап до пазарот на трудот, слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

– На важноста на „Отворен Балкан“ укажа и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, кој во пресрет на дводневниот самит на оваа регионална иницијатива во Охрид го повика претседателството на БиХ да разгледа и поддржи пристапување на БиХ кон оваа иницијатива, потенцираше министерот Кошарац.

Според него, зајакнувањето на соработката и подобрувањето на економските врски во регионот треба да бидат приоритет на институциите на сите нивоа на власт во БиХ.

– Свесен за фактот дека „Отворен Балкан“ значи ветер во грбот на домашната економија, економски развој, зголемување на инвестициите и работните места, јас лично сум силен поборник за приклучување кон оваа регионална иницијатива. Во неколку наврати разговарав за неговите предности со претставниците на земјите-членки – Србија, Северна Македонија и Албанија, по што сум целосно убеден дека не постои оправдана причина да останеме „црна дупка“ на Западен Балкан, изјави Кошарац.

Како што истакна, дополнителен мотив за вклучување на БиХ во иницијативата „Отворен Балкан“ е решителната посветеност на бизнис заедницата на ентитетите во БиХ за регионални поврзувања и соработка.

Кошарац вели дека од контактите со претставниците на Надворешно-трговската комора на БиХ и на стопанските комори на РС и на Федерацијата БиХ покажува јасна позиција на домашните бизнисмени дека спротивставувањето на позитивните регионални текови значи забавување и директно блокирање на развојот на економските потенцијали.

– Тоа е неприфатлива практика, против која мора да се бориме во интерес на граѓаните и бизнис заедницата. Затоа ќе продолжиме да инсистираме на членство во „Отворен Балкан“, спротивставувајќи се на политиките кои, водени од предрасуди и политиканство, ја држат домашната економија за заложник, заклучи Кошарац. /МИА/.

Next Post

Петков: Во врска со Северна Македонија ништо нема да правиме под притисок

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk