Украина покажа извонредна храброст. Не и се предадовме на Русија. Застанавме и постепено ја истиснуваме армијата напаѓачи, која неодамна важеше за втора најсилна во светот, надвор од нашата територија, напиша украинскиот претседател Зеленски на Телеграм.
– Никој не очекуваше дека Украинците ќе имаат храброст од олкава големина. Но, оваа големина е тука. А тоа е квалитетот на нашиот карактер, подготвеност да се бориме за слобода и за нашите вредности, се вели во објавата.
Д. Е.