Руските војници изминатиот ден гранатираа седум населени места во регионот на Доњецк.
„Полицијата забележа 11 непријателски напади. Окупаторите пукаа врз седум населени места и повредија цивили. Полицајците собраа докази за руски воени злосторства“, соопшти прес-службата на Националната полиција на Украина.
Руските трупи ги погодиле Авдиивка, Курахове, Славјанск, Торецк, Очеретин, Ласточкине и местото Њујорк.
Отвориле оган од проектили, артилерија, тенкови и повеќекратни ракетни фрлачи Град.
Како што соопштуваат од Националната полиција, уништени се 43 цивилни објекти: 31 станбена куќа, училиште, градинка, претпријатие, управна зграда, студентски дом, далновод итн.
Полицијата и Службата за безбедност на Украина отвориле кривична постапка според член 438 (прекршување на законите или обичаите на војната) од Кривичниот законик на Украина.
Ј. Ѓ.