Поголемиот дел од граѓан(к)ите на Тетово не им веруваат на медиумите оти сметаат дека се продолжена рака на политичарите кои според нив, постојано шират лажни вести, пропаганда и дезинформации.
„Воопшто не им верувам на медиумите. Само што ќе почнат вестите веднаш менувам канал или ја гасам телевизијата, не сакам воопшто да ги слушам оти нон-стоп лажат. Медиумите се контролирани од политичарите и затоа не им вреувам“, вели еден граѓанин на Тетово на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали им верувате на медиумите, и може ли да препознаете лажна вест, дезинформација или пропаганда?
Друг тетовец вели дека сепак им верува на медиумите и дека тие се објективни и непристрасни. А што се однесува до дезинформациите и пропагандата тој вели дека тоа било порано, сега веќе нема „монтирани“ содржини.
„Малку им веруваме на медиумите, бидејќи се во служба на партиите, во служба на власта, властодршците, на големите бизнис интереси. И видете колку малку се известува во медиумите за културата, колку малку и даваат значење на културата, на цивилизацијата, на социјалните состојби, ги избегнуваат овие работи. Ги избегнуваат слабостите на државата“, нагласи еден тетовец.