ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Абазовиќ: Имате подадена рака од Црна Гора за секоја иницијатива која води кон напредок на Западен Балкан

Иницијатива „Отворен Балкан“ ја доживувам како помош заедно да создадеме иднина на економскиот прогрес, на бизнис, на поголема мобилност на граѓаните, на поголема соработка на сите полиња. Секоја иницијатива која може да води кон прогрес и помирување ќе има поддршка од Владата на Црна Гора.

June 8, 2022 13:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатото не можеме да го смениме, само иднината. Изборот е на нас. Иницијатива „Отворен Балкан“ ја доживувам како помош заедно да создадеме иднина на економскиот прогрес, на бизнис, на поголема мобилност на граѓаните, на поголема соработка на сите полиња. Секоја иницијатива која може да води кон прогрес и помирување ќе има поддршка од Владата на Црна Гора.

Ова го порача денеска Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора која се уште не е формално членка на  Отворен Балкан, на самитот на иницијативата во Охрид

Тој истакна дека во интерес на сите граѓани од регионот е соработката на сите лидери од Западен Балкан за економски развој и остварување на европските интеграции. Изрази задоволство од присуството на еврокомесарот за проширување, и особено што САД ја поддржуваат оваа иницијатива. Ја поздрави идејата земјите од регионот во време на криза да имаат една работа група која полесно ќе интервенира доколку дојде до криза на енергетнтите и транспортот на храна.

-Доколку некој мисли дека сам може да ги задоволи сите потреби во 21 век во 2022 нека му е со среќа, но таква политика е фатална, ако од друга страна во еден отворен разговор развиеме доверба, создадеме друштво кое може да создаде нова вредност, создадеме друштво кое може да даде шанса на некои нови политики иницирани со желба за поголем економски раст и мобилноста на нашите граѓани навистина мислам дека на тоа треба да дадеме шанса, рече Абазовиќ.   

Уверен е дека желбата на сите лидери тука е својата земја да ја видат во ЕУ, бидејќи, вели, ЕУ нема да биде целосна доколку сите земји од Западен Балкан не бидат во неа, а иницијативите како оваа за Отворен Балкан која придонесува за севкупен напредок треба да се поддржат.

-Идејата е да имаме некоја динамика во која сите земји ќе имаат дел на ЕУ. Тоа ќе создава поголема сигурност на граѓаните и поголем економски прогрес и тоа ќе значи дека ние завршивме со политиката на минатото. Таа политика ништо добро не донесе за регионот. Политиката на минатото е политика на судири, а политиката на иднина е политика на меѓусебно почитување, на доверба и сакам да ви кажам дека имате подадена рака од Владата на Црна Гора за сите иницијативи кои создаваат вкупен напредок на Западен Балкан и ниту една иницијатива нема да ја доживуваме како непријателска, туку да бидеме дел од голема Европска унија. На нас е да демонстрираме дека тоа можеме го испорачаме, да си подадеме раце и да ги решаваме сите проблеми како што ни доликува, порача црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ./MИА/. 

Next Post

Регистрирани се 73 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се две починати лица

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk