ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ

June 9, 2022 15:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на командата за операции (КО) во рамки на активностите по повод 30-години од формирањето на Армијата го одбележаа Денот на единицата и воедно својот три децениски јубилеј, информираат од Министерството за одбрана.

На воената свеченост во касарната ,,Страшо Пинџур“  во Петровец, пред началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и присутните се обратија заменик на командантот на вВИНГ, потполковник Игор Чкоров и началникот на штаб на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓорговски.

Потполковникот Чкоров во своето обраќање се осврна на развојот на единицата истакнувајќи дека во изминатите 30 години, припадниците на воздухопловството секогаш кога тоа било потребно даваа максимум од себе.

Притоа истакна дека  воздухопловниот ВИНГ е фокусиран кон одржување на високо ниво на борбената готовност на единицата, како предуслов за успешно извршување на нејзината мисијата.

Началникот на штаб на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓорговски честитајќи го јубилејот на единицата, истакна дека припадниците на единицата се обучени и оспособени за справување со сите предизвици и извршување на сложени задачи, без разлика дали се работи за борбени или задачи за помош и асистенција на институциите и граѓаните на Република Северна Македонија.

Во рамки на свеченоста на припадници од единицата кои се истакнале во работата им се доделија стимулативни мерки од началникот на ГШ и  командантот на КО, додека на поранешните команданти на единицата им се доделија признанија за вложеното во развојот на оваа единица.

На крајот од активноста присутните имаа можност да проследат прелет на воздухоплови Ф-16 како дел од воздухопловното патролирање на НАТО, како и прелет на дел од воздухопловите со кои располага воздухопловниот ВИНГ.

На свеченоста покрај началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и државниот секретар Драган Николиќ, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата, поранешни команданти и припадници на единицата и други гости.

Денешниот датум е одреден за ден на вВИНГ, во сеќавање на првиот лет со воен воздухоплов во Армијата во 1992 година. Од почетокот оваа единица беше составена од авијациска бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон по што во 2005 година беше трансформирана во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група) која фигурира до 2012 година, кога се формира воздухопловна бригада, а по последната трансформација се оформува денешниот воздухопловниот ВИНГ.

 

Next Post

Претседателот на ИОК Томас Бах му го врачи медалот „Пјер де Кубертен“ на Пендаровски

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk