Јануарската пензија што ќе ја исплатиме во февруари ќе биде 700 денари повисока за секој пензионер. Со оваа одлука го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите, а просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Денеска се сретнав и разговарав со пензионерите во Ресен за сите прашања поврзани со повозрасната популација, истакна Мила Царовска.
Вицепремиерката Мила Царовска, рече дека ова не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти.
– При спроведувањето на пензиската реформа дадовме индексација на трошоците на живот два пати годишно и трето дополнително зголемување кога ќе имаме други економски паратметри како можност да го усогласиме квалитетот на живеење на работоспособното население со пензионерите. Затоа во член 37 од законот интервенираме и велиме во случај кога минималната плата расте со над 15 отсто и просечната плата во претходната година над пет проценти ги усогласуваме пензиите трет пат до максимум до растот на просечната плата во државата, рече Царовска, додавајќи дека со ова на некој начин се прави дополнителна индексација на пензиите во насока на следење на економскиот раст и потенцијал на државата
Ова зголемување, нагласи Царовска, е најголемо во последните 12 години затоа што не се прави изземање на законски планираната индексдација на трошоците на живот.







