ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога не играш по нивно, руските диктатори те прогласуваат за нацист – така правеа со Тито, така прават со Зеленски

Секоја сличност во обидите за “нацистичко” оцрнување на Тито од страна на Сталин, со обидите за “нацистичко” оцрнување на Зеленски од страна на Путин, не е случајна. Станува збор за истата пропагандна оцрнувачка школа.

June 11, 2022 17:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕНДГЕН
Share on FacebookShare on Twitter

Како Сталин го оцрнуваше Тито во 1949?

Во советското „сатирично“ списание „Крокодил“, во период од 1949-1953, можат да се најдат бројни пропагандни прилози кои се обидуваат да го оцрнат Јосип Броз Тито. Покрај формалната осуда од Коминтерната, Тито е и пропагандно осудуван во сатиричните прилози во “Крокодил”, кои ќе ги проследиме во неколку продолженија.

1. Тито како американски убиец, а пиштол му е Ранковиќ

Маршалот Тито е претставен во американска униформа, со американски очила и пура, со крвави раце.  Ранковиќ е нацртан како негова десна рака, со мртовечка глава на капата. Во текстот се тврди дека во последната година Тито и Ранковиќ убиле, уапсиле, и измачувале повеќе комунисти отколку буржоаскиот режим за 10 години.

2. Тито како нацист и хитлеровец

Се карикира изјавата на Тито дека оди по социјализмот по свој пат. Според карикатурата, титовиот пат бил пат кон фашизмот, со Хитлеровата книга „Мојата борба“ под мишка, со секира во рака и со нацистички поздрав, и со американски долари во џебот.

3. Тито во фашистичките прегратки на Западот

Тито со крвави раце претставен како рипа во Западното „мочуриште на реакцијата“, каде што го дочекуваат западните сојузници, исто така со крвави раце. Во мочуриштето плива атомска бомба и цветаат нацистички симболи.

4. Тито дехуманизиран како фашистичка змија

Насловната страница на „Крокодил“ од 20 септември 1949 го дехуманизира Тито како фашистичка змија во американски шешир. Шеширот е змијско гнездо од кое излегуваат диверзии, предавства, шпионажа, терор и Тито како најголемата змија на САД.

5. Тито управуван од Американците

„Вујко Сем“ го вози Тито, романска карикатура преобјавена во „Крокодил“.

6. „Бандитот на Волстрит“ Тито спореден со бандитите Адолф и Бенито

Црна пропагандна стихотворба за Тито оцрнет како платеник на Волстрит, во која Ѓилас е оцрнет како Гебелс, а Кардељ како Рибентроп. На „предавникот“ Тито, кој е претставен како платеник, крволок, дезертер и подлец, му се предвидува црн крај како на фашистичките бандити Адолф и Бенито.

7. Тито како американски платеник и крволок

Тито претставен како американски должник, во фашистичка униформа, со крвава секира во рацете, како го исплаќа долгот со крв.

8. Реакционерот Тито како слуга, вазал и марионета на Западот

Карикатура на Тито во служба на реакцијата, поконкретно, на Черчил.

Три карикатури со кои се оцрнува Тито како вазал и послушник на САД.

Неколку преобјавени карикатури во кои се претставува Тито како му коленичи на САД, како сојузник со фашистот Франко, и како послушен крволочен пес зависен од американски долари.

9. Тито како американски пион и платеник

Карикатура во која Тито е претставен како крволочна жаба, која со помош на американските долари е поставена во Советот за безбедност на ООН.

Карикатура на „крволокот“ Тито, со американска кравата и широки “каубојки” претставени како чанта за прибирање долари.

Стихотворба за марионетите во која е претставен и Тито.

10. Тито како врзано куче на корумпираниот Запад

Тито претставен како врзано куче на Атлантскиот пакт, со крвави шепи и чинија крв.

Секоја сличност во обидите за “нацистичко” оцрнување на Тито од страна на Сталин, со обидите за “нацистичко” оцрнување на Зеленски од страна на Путин, не е случајна. Станува збор за истата пропагандна оцрнувачка школа.

Подготви: Дежурната екипа на Фронтлајн

Next Post
energy.gov

Украина помогнала во обновувањето на интернет врските меѓу МААЕ и заземената нуклеарка во Запорожје

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

October 28, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Брендан Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик

October 28, 2025
Фото: МИА

Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk