ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отфрлена тужбата за силување против Кристијано Роналдо

June 12, 2022 10:03
in ДЕНЕС, СВЕТ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американски судија ја отфрли тужбата за силување против Кристијано Роналдо затоа што адвокатот на тужителката се потпирал на протечени и украдени записи, пренесува А1он.

Кетрин Мајорга тврди дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година. Тој ги негира обвинувањата и никогаш не бил обвинет.

Таа постигнала вонсудска спогодба со ѕвездата во 2010 година, но бараше милионска исплата, мног поголема од 375.000 долари што ги добила пред 12 години.

Мајорга вели дека иако се согласила на спогодбата набргу по наводниот инцидент, нејзината емоционална траума во тоа време не и дозволила да учествува во процесот на посредување и чувствувала притисок да ја прифати понудата.

Пред да поднесе жалба, нејзината адвокатка, Лесли Стовал, добила „нелегални“ информации и документи кои биле доверливи и привилегирани, напишала американската окружна судијка Џенифер Дорси.

Судијката вели дека адвокатката му наштетила на Роналдо со тоа што се однесувала со „лоша волја“ преку повеќекратна употреба на украдени, привилегирани документи за гонење на случајот.

Во пресудата на 42 страници судијката Дорси ја обвини Стовал за „злоупотреби и флагрантно заобиколување на соодветниот парничен процес“ и рече дека како резултат на тоа, „Мајорга ја губи својата можност да прдолжи со овој случај“.

Во 2019 година, американските обвинители изјавија дека Кристијано Роналдо нема да се соочи со обвинение бидејќи тие не можат „да се докажат надвор од разумно сомневање“.

Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Кларк во Лас Вегас соопшти дека Мајорга пријавила напад во 2009 година, но одби да каже каде се случило или кој е напаѓачот. Како резултат на тоа, полицијата не била во можност „да спроведе никаква значајна истрага“. Но, наводите повторно беа истражувани во 2018 година на нејзино барање.

Тоа уследи по написот од 2017 година во германскиот магазин Der Spiegel, кој објави дека во 2010 година, Мајорга постигнала вонсудска спогодба со фудбалерот затоа што се согласила никогаш да не излезе во јавност со наводите.

Адвокатката на Мајорга рече дека таа била инспирирана повторно да го отвори случајот од движењето #MeToo.

Роналдо не негираше дека двајцата се сретнале во Лас Вегас во 2009 година, но рече дека тоа што се случило меѓу нив било со заемна согласност.

Next Post
фото: Твитер/Anton Gerashchenko

(ВИДЕО) Герашченко: Руската армија намерно ги гранатира полињата со пченица

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk