ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција

June 15, 2022 11:22
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска директно од Талин, Естонија, онлајн гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, на електронскиот медиум „Слободна ТВ“, на која зборуваше за важноста на сајбер безбедноста и естонските искуства во овие процеси на дигитална трансформација на општеството.

„Многу е важно денес да се зборува и да се посвети внимание на сајбер безбедноста имајќи ги предвид последните предизвици со кои се соочува светот глобално. Искуството што Естонија го има е непроценливо, знаењето исто така. И за нас соработката со нив е исклучително значајна. Важно е да најдеме модел и начин како да ја зголемиме свесноста за опасностите кои дигиталниот свет ги носи. Дигитализацијата и сајбер безбедноста одат едно со друго затоа што во ситуација кога ги нудиме дигиталните услуги на граѓаните, треба исто така да им нудиме доверба дека користењето на таквите електронски услуги е безбедно, дека нивните податоци ќе бидат заштитени“, потенцираше вицепремиерката.

Во интервјуто вицепремиерката нагласи дека е многу важна политичката волја за да се стави ова прашање како приоритет. Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција.

Грковска ја нагласи и потребата од соработка со бизнис секторот, посебно во делот на пријавување на сајбер напади.

„Би требало да зборуваме и многу да работиме на зголемување на свесноста од сајбер нападите. Неопходна е соработката со бизнис секторот затоа што бизнис секторот треба да биде свесен за ваквите опасности, меѓутоа и да има храброст да пријавува за да може да бидат регистрирани и да се детектираат слабостите во системот, што довеле до тоа да бидат нападнати. Искуството во сите држави е исто дека приватните компании, во страв да не го нарушат својот углед во јавноста, најчесто не ни пријавуваат кога ќе бидат соочени со сајбер напад, што е грешка“, истакна вицепремиерката Грковска./МИА/.

Next Post

Медведев: А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот?

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk