ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Класичен спин на ВМРО-ДПМНЕ: Во анкетата од МЦМС воопшто не постои прашање „за кого би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори“

June 15, 2022 12:09
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштението објавено од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, односно неговиот наслов, претставува класичен спин, на кој очигледно наседнале поголем број медиуми во државата, без притоа да ја проверат содржината и прашањата на анкетата спроведена од МЦМС. Во анкетата воопшто не постои прашање „за кого би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори“, а опозициската партија структурата на испитаниците ја искористила за да спинува дека ВМРО-ДПМНЕ е во рекордна предност пред СДСМ, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во недела, 12.06.2022, објави соопштение кое го презедоа голем број медиуми во земјава, со речиси идентичен наслов, а во врска со анкета спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Спин: ВМРО-ДПМНЕ води со голема предност пред СДСМ од 6,1%, истражувањето на МЦМС покажува дека во оваа власт веруваат рекордно најмалку граѓани. 

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ– датум: 12.06.2022]

Веста, со идентичен наслов како и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ беше преземена од поголем број медиуми во земјава (линк, линк, линк, линк, линк, линк, линк), а во дел од нив беше додадено и дека станува збор за рекордна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Дел од медиумите, пак, пренесоа дека станува збор за одговори на анкета спроведена од МЦМС, а дека прашањето гласело „за кого би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори?“

Контраспин: Соопштението објавено од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, односно неговиот наслов, претставува класичен спин, на кој очигледно наседнале поголем број медиуми во државата, без притоа да ја проверат содржината и прашањата на анкетата спроведена од МЦМС.

Во анкетата, воопшто не постои прашање „за кого би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори“. Таа се однесува на перцепциите на граѓаните, во првите 100 дена од работата на Владата. Во заклучокот од анкетата пишува:

Помеѓу доволен и добар или 2,44 е средната оценка што граѓаните ѝ ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена, покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „100 дена Влада“ спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година. Мнозинство од граѓаните (65,1%) изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања. Меѓу нив, побројни се етничките Македонци. Прашани за исполнување на очекувањата во конкретни подрачја, секој петти граѓанин рекол дека неговите очекувања не се исполнети во ниту едно подрачје.

За МЦМС, анкетата ја спровел М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета, а примерокот бил национален репрезентативен од 1005 испитаници. Во анкетата има прашања за оценка за работата на Владата во првите 100 дена, колку Владата ги исполнила очекувањата на граѓаните во овој период, од кои подрачја граѓаните се најмногу разочарани, а од кои најзадоволни, испитаниците ја оценувале работата на министрите во Владата, како и најголемите проблеми со кои се соочува државата во моментов.

Повеќе од половината граѓани (58,7%) сметаат дека им се влошил квалитетот на живот во последната година, за 29,0% останал ист, додека за 10,7% се подобрил. Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30,0% од граѓаните, а за една четвртина од нив (25,9%) тоа е корупцијата и криминалот. Речиси на исто ниво се економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%). Граѓаните не се оптимисти кога е во прашање економијата на земјата. Повеќе од половината (55,1%) сметаат дека таа ќе се влоши во следните две години, се вели во дел од заклучоците од анкетата.

Во анкетата нема ниту едно прашање во однос на рејтингот на партиите, ниту пак во однос на тоа за кого испитаниците би го дале својот глас на наредните избори.

Но, и покрај ова, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и медиумите ја пренесоа анкетата со тврдење дека „ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 20,7% од гласовите а СДСМ 14,6%“.

Ова е класичен спин. Имено, ако се оди на последната страница од анкетата, може да се види демографската структура на испитаниците, односно дали се од машки/женски пол, какво образование имаат завршено, дали се симпатизери на некоја политичка партија и која, возраста, работниот статус, етничката припадност итн. Во делот за структурата на испитаниците, 20,7 отсто се изјасниле дека се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 отсто на СДСМ. Но, ова не е одговор на прашање од анкетата, туку станува збор за демографски податоци, со цел оние што ги читаат одговорите од анкетата, да имаат појасна слика во однос на одговорите на прашањата.

Впрочем, ова го изјавува и самиот директор на МЦМС, Александар Кржаловски.

МЦМС нарача и објави анкета за ‘100 дена Влада’. Таа не е за рејтинзите на политичките партии. Во извештајот од анкетата нема објавени рејтинзи. Во прилогот на извештајот со демографските податоци има табела за процентот на симпатизери на партиите за толкување на резултатите од поставените прашања и по таа основа (каде што има значителни разлики), исто како и за другите демографски елементи (пол, регион, образование), изјави Кржаловски за 360 степени.

Но, на социјалните мрежи веќе наголемо се шири принтскрин од демографската структура на испитаниците, со што се стекнува впечаток дека во анкетата имало прашање „за кого ќе гласаат граѓаните ако утре се одржат парламентарни избори“.

Структура на испитаниците опфатени во анкетата

Кај дел од медиумите, дури може да се види и погрешен принтскрин, каде наместо „симпатизерство на политички партии“, пишува „за која партија ќе гласате“, што е апсолутно неточно, како што може да се види и од оригиналната анкета, на последната страница.

Структурата на испитаниците не може да се земе како релевантна во ваквите случаи, бидејќи таа не е составен дел од анкетата. Факт е дека на анкетата испитаниците изразиле незадоволство од работата на Владата и тоа е клучниот заклучок кој треба да биде презентиран, бидејќи анкетата се базира на тие податоци. „Играње“ со структурата на испитаниците не може да биде претставувано како изјаснување на прашање од анкета. Структурата на испитаниците единствено служи за подобро да се разберат и компарираат одговорите на официјалните прашања, односно во случајов, поголем број од испитаниците биле симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, голема е разликата меѓу „симпатизер“ на одредена партија до „гласање за одредена партија“, дотолку повеќе што симпатизерот на партијата може да не се согласува со актуелните политики и ставови на партијата и воопшто да не излезе на гласање.

Оттаму, соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е во водство од над 6 проценти пред СДСМ претставува класичен спин, на кој во случајов наседнале и голем број медиуми, а дел од нив, веќе и ја бришат објавената содржина.

Next Post

Подољак: Бранителите секојдневно прашуваат, „се држиме, само кажете кога да го очекуваме оружјето“

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk