ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од постојните германски инвеститори 70 отсто повторно би инвестирале во земјава

June 15, 2022 15:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 70 отсто од германските инвеститори повторно би инвестирате во земјава, а 30 отсто би се одлучиле за друга локација, покажуваат резултатите од анкета за деловната клима за 2021/2022 година што ја спроведе Македонско-германското стопанско здружение од март до април годинава кај 30 свои членки.

Анкетата за деловната клима се спроведува по 17 пат во земјава, а паралелно се прави и во 13 други држави во Југоисточна Европа.

– Од испитаниците, 70 отсто се задоволни од состојбите во сопствената компанија и повторно би инвестирале во земјата. Оваа година тоа го видовме кај повеќе компании, тие го проширија своето производство и го зголемија бројот на вработени, што претставува одличен показател, а и трговската размена бележи рекордна година и за шест години се има двојно зголемено, рече Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-германското стопанско здружение, кој ги презентираше резултатите.

Тој потенцира дека во нивното истражување на прашањата поврзани со оценката на локалните уловите, испитаниците одговориле дека се задоволни од трошоците за придонеси, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот.

– Испитаните компании со најслаба оценка ја оценија борбата против корупција и криминалот. Но, сметаа дека треба да има подобрување и во правната сигурност, политичка стабилност, инфраструктурата, како и поголема транспарентност при јавните набавки. Даночниот систем, даночните оповарувања и наплатата на побарувањата се оценети како мошне подобри во споредба со изминатите години, рече Мартенс.

Тој нагласи дека компаниите се најзадоволни од своите вработени и со највисока оценка ја оценуваат продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените.

 

– Војната која се води во Украина остава последици и врз стопанството. Во однос на очекувањата за деловната состојба во своите компании, дури 96,4 отсто одговориле дека се соочуваат со зголемени трошоци за енергија и репро материјали. Дури 64,3 отсто од компаниите очекуваат прекин во глобалниот синџир на снабдување, а 46,4 отсто веќе се соочуваат со недостиг на материјали кои им се потребни за производство. Да дојде до прекин на производството очекуваат 28,6 отсто и исто толку испитаници очекуваат да има пад во нарачките. До нарушување на трговската размена очекуваат да дојде 25 отсто, а само 14,7 отсто очекуваат дека војната ќе предизвика губење на деловни партнери. Само 13,8 отсто очекуваат до крајот на 2022 година да дојде до нормализирање на меѓународниот синџир на снабдување, а 55,2 отсто очекуваат тоа да се случи дури во 2023 година, прецизира Мартенс.

Во 2021 година, како што рече, стопанството се уште ги чувствуваше последиците кои ги предизвика пандемијата на Ковид-19, но и покрај оваа состојба трговската размена помеѓу двете земји забележаа рекордна година.

– Во 2021 година од Северна Македонија во Германија се извезени добра во вредност од 3,474 милијарди евра, увозот од Германија беше 1,244 милијарди евра, додека вкупната трговска размена изнесуваше 4,719 милијарди евра и е зголемена во споредба со 2020 година за 907 милиони евра, истакна Мартенс.

За германскиот заменик амбасадор Ото Граф, двете земји имаат многу сличен менталитет и се разбираат и токму тоа е причината за одличната економска соработка.

– Имаме и одлични односи со Владата и ни излегува во пресрет на сите барања, но сепак е потребно да има поефикасна администрација и подобро справување со корупцијата. Неопходно е и целосно усогласување на царинските стапки со европските за привлекување повеќе инвеститори, рече Граф.

Во земјава работат 200 компании со германски капитал кои вработуваат над 20.000 лица. /МИА/

Next Post
Златко Ориѓански и Фатос Керимај. Тирана. Фото:  Gerta Kordalli

(ВИДЕО) Концерт на Фатос Керимај и Златко Ориѓански во Тирана

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk