Алфа Ромео на 24 јуни ќе претстави нов модел, дознава италијанскиот „Мотори Онлајн“, но за сега не е познато за какво возило се работи. Истиот извор шпекулира дека тоа би можело да биде кросовер од Бе сегментот, кој се базира на PSA механичка платформа, а како втора опција се наведува спортскиот „гранд тур“, автомобил.
Но, судејќи според порано претставениот план ан Алфа Ромео, кросоверот се чини како поверојатна можност.
Доколку се работи за кросовер, тој би ја зазел позицијата под Стели СУВ, а и под најавениот кросовер Тонале.
Ако шпекулациите за PSA механичката платформа се точни, тоа значи дека идната Алфа, ќе го дели местото со Пежо 2008.