ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одржана последната сесија „Идната генерација на Западниот Балкан“ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2022

June 17, 2022 19:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на второто издание на Преспа форумот за дијалог 2022, се одржа последната сесија насловена: „Идната генерација на Западниот Балкан“, која Министерството за надворешни работи ја организираше во соработка со канцеларијата на регионалната младинска соработка (RYCO) и Младинскиот сојуз – Крушево, јавува МИА.

Како што информираат од Министерствтото за надворешни работи во овој дел од сесијата биле опфатени темите за јакнење на улогата на младите како фактор на промени и активисти, кои претставуваат движечка сила за градење на стабилни и одржливи општества. Исто така се дискутирало и за приближувањето на идните генерации од Западниот Балкан кон вредносниот систем на ЕУ, како и нивно активно вклучување во процесот за креирање на младински политики.

На сесијата главни говорници беа Бисера Костадиновска-Стојчевска,  министерка за култура, Секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер, Зоран Попов, државен секретар на Министерството за надворешни работи, Алберт Хани, Генерален секретар на RYCO. Исто така свои излагања имаа и претставници од регионалните канцеларии на RYCO, младинскиот сојуз Крушево, како и советникот од канцеларијата на ПРСМ задолжен за младинските прашања и претставник од Агенцијата за млади и спорт, е наведено во соопштението.

Државниот секретар, Зоран Попов, во своето воведно обраќање истакнал дека 2022 е година во која што сите заедно треба да обезбедиме подобри услови и иднина за младите дома. Соочувајќи се со многу предизвици, повикал на поддршка од клучните регионални иницијативи како RCC и RYCO, да им се понуди на младите одговор кој го бараат и заслужуваат.

Алберт Хани, ГенСек на RYCO потенцирал дека “Поврзувањето на младите е една од најважните инвестиции кои можат да помогнат кон зајакнување на меѓусебната толеранција, помирувањето и меѓукултурниот дијалог. Несомнено е дека младите се и ќе продолжат да бидат клучни чинители кога станува збор за градење на одржливи и мировни општества”.

-Сакам да ги охрабрам младите да имаат визија за својата земја и за својот регион и да работат во насока за нејзина реализација, порачал секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска испратила апел до младите да се отворат за соработка, и за размена на искуства.

-Не дозволувајте да го носите времето на туѓите грешки. Не барајте иднина во минатото. Живејте сега и сега барајте ги начините како со вашите чисти умови и срца да го приближите Западен Балкан кон Европската Унија”, истакнала таа.

Next Post

„Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Северна Македонија за да се задоволат бугарските барања

Shortcut

Најново

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk