ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Ќе кажеме наш став за сите прашања за францускиот предлог кога ќе дојде време за тоа

June 18, 2022 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние немаме формално добиено предлог, треба кај нас да стигне како кандидат откако Унијата ќе усогласи став. Се разбира, јас имам начин како да имам пристап до тој документ, правиме анализа, но, ќе кажеме наш став за сите прашања кога ќе дојде време за тоа, кога ние ќе сметаме дека ќе биде во наш интерес тоа да го направиме, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, јавува МИА.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со ватиканскиот надбискуп Пол Ричард Галагер, за прифатливоста на измените во преговарачката рамка што ги предлага Франција Османи рече дека ги следи со внимание сите јавни објави и сите реакции на граѓаните, и како што рече, „се разбира би сакал да можам да кажам повеќе“.

– Меѓутоа, тоа што се случува е дека вчера има предлог на претседателството до земјите членки вклучувајќи ја и Република Бугарија, за да се изјаснат за одредени идеи кои што француското претседателство смета дека можат да бидат основа за продолжување на процесот. Јас мислам дека не е во наш интерес ние да ги кажеме нашите позиции во однос на таквите предлози додека не ги слушнеме позициите на земјите членки, откако земјите членки ќе ги изразат своите забелешки, а тоа се 26 земји членки, секоја да каже свој став, рече тој.

Дополни дека доколку се унифицира, доколку и Република Бугарија го каже својот став, тогаш, како што посочи, и ние ќе ги кажеме нашите ставови.

– Очекувам разбирање, правиме анализа на секој збор, на секоја реченица, но сметам дека треба да ја испочитуваме процедурата, да чекаме како ќе се изјаснат 27 земји членки, односно 26, имајќи предвид дека Франција има дистрибуирано свој став, посочи тој.

Прашан за утрешната средба на владините коалициски партнери и дали таа е со цел да се види дали има мнозинство во Собранието да поминат овие точки, Османи одговори дека средбата била закажана уште пред да имаат информација дека ќе се пушти предлог на тој датум.

– Така што беше поврзана со општите случувања, војната во Украина, економската и енергетската криза. Се разбира, европските перспективи. Јас не исклучувам дека поради тоа што коинцидира со пуштањето на овој предлог дека нема да биде доминантна тема, но, не беше обмислена таа средба за ова прашање. Беше едноставно да се информираат коалициските партнери за сите прашања кои што се случуваат, меѓутоа, да, доколку тие бараат јас сум подготвен да присуствувам и во функција да ги објаснам нашите ставови, но, сметам дека треба прво да видиме што ќе се случи во Софија, што ќе се случи во земјите членки а потоа да ги комуницираме нашите ставови, одговори тој.

Османи истакна дека не сака нашите ставови да бидат злоупотребени ниту во дебатата во Софија, ниту, како што рече „сега да се изложиме со наши позиции без да знаеме кои ќе бидат позициите на земјите членки“.

– Така е направена проценка дека ние треба сега да работиме со земјите членки, но, нашиот став ќе го дадеме откако ќе ги слушнеме сите во однос на текстот и откако ќе заврши анализата. Лесно е вие да го имате текстот и да кажете прв впечаток, наша работа е да направиме длабоки анализи за секој збор, за сите импликации кои што произлегуваат од тие зборови, за да го видиме поголемиот контекст што се случува на светско ниво, што се случува на европско. Кој е моментумот, кое е сценарио еден и кои последици би ги имало, сценарио два кои последици би ги имало. Верувајте, работиме професионално, без емоции, работиме во интерес на одбрана на државните интереси, имајќи го предвид вкупниот контекст во кој живееме, дополни тој.

Министерот порача дека сега не е време за партиска политика, и како што рече „сега не е време за ексклузивитети, сега е време да ги средиме редовите и да си имаме државна позиција“. Притоа, дополни дека на крај ќе има став за секое прашање, ќе се процени, и граѓаните после ќе кажат дали тој став бил правичен или не.

Next Post

Галагер ја реафирмираше поддршката на Светата Столица за наше приклучување кон Европската Унија

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk