ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Од денес, паркиралиштата на ул. Орце Николов во Дебар Маало стануваат резидентни паркиралишта

June 21, 2022 09:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на ул. Орце Николов во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови, информираат од Одделението за односи со јавност на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. Орце Николов (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. Рузвелтова) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146.

Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта преку ПОЦ мобилната апликација, веб платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска Палата“. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта, пишува во соопштението.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар известуваат дека од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на ул. Орце Николов, а не се корисници – резиденти на истата, ќе бидат санкционирани со механичко средство „Блокатор“ или со специјално возило „Пајак“.

Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар- Скопје, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие, беше изгласана на 11-та седница на Советот на Општина Центар одржана на 9.6.2022 година, пишува во соопштението.

 

 

 

 

 

Next Post

Зеленски ја нарече Африка „заложник“ на војната во Украина

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk