ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства

June 25, 2022 15:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска вчера вечер во Битола, присуствуваше на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ во организација на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.  Целта на кампањата која започна од почетокот на месец јуни, е подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска се осврна на политиките и преземањето на конкретни активности, на Владата и министерството за труд и социјална политика, кои се во насока на  унапредувањето на детската заштита.

„Министерството за труд и социјална политика, преку законски решенија, стратегии, програми и активности работи на создавање на услови за секое дете, да расте и се развива во средина блиска на семејната. Правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа им овозможува на децата развивање во здрави личности кои ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината,“ рече министерката.

Таа истакна дека, Министерството спроведувајќи го процесот на деинституционализација има преземено низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства. Како и дека, на полето на развој и унапредување на услугата сместување во згрижувачко семејство се прават напори да се прошири мрежата, да се подигне квалитетот на грижа во постоечките згрижувачки семејства и да се развијат специјализирани згрижувачки семејства.

Таа се осврна и на воспоставувањето на Центрите  за поддршка на згрижувачки семејства кои ја промовираат услугата згрижување во семејство, подготовка,  проценка  и  обука  на  идни  згрижувачки како и да ги  следи  и  дава  поддршка  на постојните згрижувачки семејства.

„СОС Детско село кој е наш долгогодишен партнер во грижата за децата без родители и родителска грижа. И сосема природно е да се вклучи во  овој процес преку воспоставување на Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамките на установата.

За оваа услуга Министерството за труд и социјална политика склучи договор со СОС Детско село за финансиска поддршката на 60 згрижувачки семејства.

На ниво на држава, воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во моментот во државата има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници.

Кампањата е организирана со поддршка на проект, кој го води СОС Детско село со поддршка на Министерство за труд и социјална работа. Проектот е наречен Право на семејство – „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца”.

​

Next Post

Борел во посета на Иран во обид да ги оживее нуклеарните преговори

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk