Поропагандата и величењето на руските национални вредности во полн ек на руската државна телевизија. Професорот и заблуден експерт, Владимир Аватков се обиде на јавноста да и „ги објасни“ клучните разлики меѓу Русија и Западот: Русија е за мир и соработка, додека на Запад е за војна. Видеото го објави Џулија Дејвис, колумнистка која со години ги мониторира руските медиуми под влијание на Кремљ и е на листата санкционирани од Руската Федерација. Таа во описот над видеото напиша „Гледајте и липајте“.
Meanwhile on Russian state TV: bringing you another report from behind the looking glass. The most deluded pundit, Professor Avatkov explained key differences between Russia & the West: Russia is all about peace and cooperation, while the West is all about war. Watch it and weep: pic.twitter.com/lbyuLJ8jZh
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) June 30, 2022
„Ситуацијата е многу интересна. Ги следиме сите тие слики од НАТО Самитот а потоа ги гледаме оние од Каспискиот самит и тие се дијаметрално различни. Самитот во Ашкабат (Туркменистан) , градот на љубовта, е целосно посветен на соработка, а тие пријатели од Западот, од тој мал дел од светот, од некоја причина се за војна. Секогаш се за војна. А ние сме секогаш за соработка. Руските позиции се секогаш за мир и сигурност, за разлика од Западот којшто ја поткопува безбедноста и дава сè од себе да ги наруши сите глобални врски. Тоа е главната разлика“, рече Аватков.
Аватков нагласи дека во меѓународните односи и воопшто, вечна љубов не постои.
„А сега за љубовта. Нема љубов во меѓународните односи. Таму има национални интереси и национални вредности. Па така, ако некој се заколне на вечна љубов, посебно Ердоган и партнерите од Западот, ние веднаш треба да се сомневаме. Не постои вечна љубов“, рече Аватков.
Обработка. И. Т. З.