ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бојко Борисов повика Бугарија да го финализира францускиот предлог за Република Северна Македонија

July 1, 2022 12:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен лидер на ГЕРБ денеска посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, јави БГНЕС.

Тој соопшти дека Извршната комисија на ГЕРБ го разгледала предлогот за РСМ и повика на финализирање на договорот.

– На тема РСМ, навистина им посакувам успех на колегите во Софија да го финализираат договорот, за да можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и дека биде успешно, како што заслужува, рече Борисов.

Во меѓувреме, се огласи и француската амбасадорка во Софија Флоренс Робин, која исто така, побара брзо усвојување на договорот во Бугарија.  Според амбасадорката Флоранс Робинс, последниот предлог е ист со документот кој претходно го усвои бугарскиот Парламент.

– Тој (предлогот) не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во земјата, изјави таа за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не вршел притисок врз Бугарија во спорот“.

– Документот е поставен во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Северна Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата, рече Робин.

Бугарското Народно собрание на 24 јуни гласаше за предлог-решение кое има за цел да го реши спорот меѓу Софија и Скопје и да го отвори патот за европска интеграција на РСМ. Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и се надградува за да бидат максимално заштитени бугарските интереси, потенцира БГНЕС и потсетува дека вчера и бугарската Влада ја одобри оваа одлука на бугарскиот Парламент.

Францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само заедно можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатерални односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказот со конкретни ангажмани и етапи кои Скопје мора да ги исполни во замена за Бугарија да го укине ветото, посчува бугарската агенција БГНЕС./МИА/.

Next Post

Државен испитен центар: Денеска ќе се објават прелиминарните резултати од државната матура

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk