Оркестрираните настапи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на дело ја потврдува анти НАТО и анти ЕУ коалицијата, велат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет.
Деструкциите, блокадите и навредите и не се ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, тие се добро познати и секогаш досега биле поразувани, така ќе биде и овој пат“, велат од СДСМ.