ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

July 2, 2022 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката за инфраструктура за Европскиот регион во ЕБОР, Сузан Горансон, шефот на Канцеларијата на ЕБОР во РС Македонија, Анди Аранитаси, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска ги потпишаа договорите за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола. На потпишувањето на договорите присуствуваа и министрите за економија Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Со 192 милиони евра обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и 30 милиони евра грант од ВБИФ инструментот, или вкупно 222 милиони евра, се затвора финансиската конструкција за изградба на втората подделница од автопатот Скопје – Блаце и изградбата на фотонапонски електрани во Осломеј и Битола, соопшти Министерството за финансии.

-Денеска со ЕБОР потпишуваме уште два значајни договора кои се од клучно значење за развојот на нашата држава, бидејќи со истите се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце и за проектот за транзиција на соларни фотоволтаици што опфаќа изградба на фотонапонски електрани Осломеј 2 и Битола, истакна министерот Бесими по потпишување на договорите за гаранција за двата проекта.

Тој, како што се наведува во соопштението, додаде дека спроведувањето на проектите што се важни за напредокот на нашата држава, е наша примарна цел и дека од огромно значење е поддршката од нашите постојани партнери, како ЕБОР и ЕУ.

Со Договорот се обезбедуваат 167,6 милиони евра од ЕБОР за изградба на втората подделница од автопатот Скопје – Блаце, чија вкупна вредност е 194 милиони евра. Покрај средствата обезбедени од ЕБОР, за проектот е обезбеден и инвестициски грант од ВБИФ во износ од 20,82 милиони евра, 5,68 милиони евра грант за техничка помош, исто така, од ВБИФ и 0,35 милиони евра грант кои ЕБОР дополнително ги доделува за изработка на е-мобилити национална стратегија и акциски план за патна инфраструктура.

Со вториот договор се обезбедуваат средства во износ до 25 милиони евра со кои ќе се реализира проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кој опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со 20 MW. Дополнителни 5 милиони евра за овој проект ќе се обезбедат со грант од ВБИФ инструментот.

Според претставниците на ЕБОР, станува збор за проекти кои ќе имаат видливи ефекти за подобрување на условите за живот на граѓаните.

-Овој проект е само еден пример за активностите што ги презема Банката со цел подобрување и на транспортната и на општинската инфраструктура во РС Македонија. Тие ќе имаат видливи ефекти врз секојдневниот живот на луѓето и врз трговските активности во регионот, како и со ЕУ. Среќни сме што ќе го направиме следниот чекор за да го поддржиме Јавното претпријатие за државни патишта преку финансирање на оваа значајна патна делница, заедно со нашиот клучен партнер, ЕУ, изјави Сузан Горансон, директорка за инфраструктура во ЕБОР.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потенцира дека денешниот чин на потпишување е доказ за посветеноста на економскиот тим на Владата и заложбата за континуиран развој на патните коридори.

-Ако до пред некоја година, автопатот Скопје-Блаце беше само проект на хартија, сега имаме силна градежна механизација коај интензивно работи на неговата изградба, рече Бочварски.

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ во РС Македонија, Дејвид Гир, истакна дека преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и со поддршка од ЕБОР, се останува на зацртаната патека за агендата за поврзаност.

-Глобално поврзана Европа е корисна за економијата, како и за економиите и за растот на земјите кандидати. Поддржувањето на транспортната поврзаност помеѓу Косово и РС Македонија претставува голема можност за понатамошно унапредување на трговските односи, како и за посилен регионален економски развој, потенцира евроамбасадорот Гир.

Во однос на вториот пороект тој потенцира дека сме сведоци на конкретни активности во материјализацијата на Зелената агенда за Западен Балкан и на преточувањето на Економскиот и инвестициски план во реалност.

-Инвестицискиот грант на Инвестициската рамка за Западен Балкан и заемот од ЕБОР, со кои се поддржува трансформацијата на електраните Осломеј и Битола, од јаглен на соларна енергија, е јасен показател дека земјата ги презема вистинските чекори – се движи кон зелена енергија, истовремено спроведувајќи социјално праведен процес на транзиција. На оваа инвестиција се чекаше долго и истата доаѓа во вистинско време за РС Македонија, осигурувајќи снабдување со чиста и безбедна енергија, рече евроамбасадорот Гир.

Министерот Бектеши потенцира дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региона каде што е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани и дека е исклучително важна неговата реализација особено сега во услови на енергетска криза во Европа и светот.

Според Анди Аранитаси, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во РС Македонија проектот за изградба на ФЕ Осломеј 2 и Битола е многу важен проект за енергетската транзиција на земјата.

-Истиот претставува продолжување на нашите претходни активности во врска со амбициозните планови за декарбонизација на РС Македонија преку поддршката за организирање тендери за соларни фотонапонски електрани и за изградба на првата голема соларна фотонапонска електрана во земјата, исто така во Осломеј. Проектот ќе помогне да се одговори на потребата за енергетска безбедност и одржливост, на конкурентен и економичен начин, преку инвестиции, со што ќе се креираат стручни работни места, а воедно ќе се воведат нови деловни екосистеми, кои ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот и емисијата на стакленичките гасови, рече Аранитаси.

ЕБОР е еден од најзначајните меѓународни партнери на земјата и досега има финансирано 160 проекти со над 2,2 милијарди евра./MИА/.

Next Post
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Костадиновска-Стојчевска: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола континуирано се реставрира

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk