Почна средбата на министерката Рената Дескоска со претставници на парламентарните групи со кои ќе разговара за Законот за Јавно Обвинителство.
На средбата учествуват и претставници од американската амбасада и од ЕУ, како и представници од Блупринт -Група за реформи во правосудство – Неформална мрежа на граѓански организации.
Од ВМРО-ДПМНЕ учествуваше пратеникот Антонио Милошовски, а присутни беа и пратеници од сите партии и независните групи.
На оваа средба се очекува Дескоска да го претстави предлог решението за Законот за Јавно Обвинителство.
А. Зеќири