ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Бегството на окупаторите од Украина е неизбежно, како и казната за нив, но за ова мора да се бориме заедно

July 11, 2022 13:32
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на оваа инвазија, украинските службеници за спроведување на законот прават се што е потребно за да се евидентираат злосторствата на окупаторите и да се соберат докази. Нашите партнери од многу земји се вклучени во оваа работа. Рускиот терор одамна ја премина границата над која за многумина во цивилизираниот свет стана очигледно дека е прашање на глобална безбедност да се казни Русија, терористичка држава, за се што таа направи против Украина и меѓународниот правен поредок, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

„Денес цел ден добивам пријави од градот Часив Јар во Доњецката област. Таму е во тек спасувачка операција по рускиот напад на станбени згради. Уништени се две висококатници. Десетици луѓе се под урнатините. Шестмина беа спасени. На списокот на загинати има 15 имиња и, за жал, ова не е конечната бројка.

Тоа беше ракетен напад. И секој што дава наредби за такви напади, секој што ги извршува во нашите обични градови, во населени места, убива апсолутно намерно. По ваквите удари, убијците нема да можат да кажат дека нешто не знаеле или нешто не разбрале… Сите што го изведоа ова гранатирање, други ракетни напади, сите што вршат напади врз нашите градови со ракетна артилерија, како во Харкивската област, во Запорижја, како и во Кривиј Риг, како и Сиверск и Вугледар во Донецката област – сите тие ќе бидат пронајдени.

Знаете, нацистичките убијци се наоѓаат и судат дури и кога имаат по 90 или 100 години. Тие ги фаќаат низ целиот свет. Се разбира, не сакаме да чекаме толку долго. Но, го давам овој пример за да покажам дека казната е неизбежна за секој руски убиец. Апсолутно за секој. Исто како и за нацистите. И нека не се надеваат дека нивната држава ќе ги заштити. Русија ќе биде првата што ќе ги напушти кога ќе се променат политичките околности.

Од почетокот на оваа инвазија, украинските службеници за спроведување на законот прават се што е потребно за да се евидентираат злосторствата на окупаторите и да се соберат докази. Нашите партнери од многу земји се вклучени во оваа работа. Рускиот терор одамна ја премина границата над која за многумина во цивилизираниот свет стана очигледно дека е прашање на глобална безбедност да се казни Русија, терористичка држава, за се што таа направи против Украина и меѓународниот правен поредок.

Во мојот распоред за следните недели има токму таквите преговори и обраќања кои ќе придонесат за враќање на правдата, ќе придонесат за казнување на руските воени злосторници. Покрај тоа, оваа активност е насочена не само кон Европа и другите традиционални региони за работата на украинската дипломатија. Ќе сториме се за и Латинска Америка, Азија и Африка да ја слушнат вистината за рускиот терор на нашата земја.

Во изминатата недела многу се зборуваше за наводна „оперативна пауза“ во дејствијата на окупаторите во Донбас и другите делови на Украина. 34 воздушни напади на руски авиони во еден изминат ден е одговор на сите оние кои ја измислија оваа „пауза“. Украинската армија се држи, цврсто се држи и одбива напади во различни насоки. Но, се разбира, треба уште многу да се направи за руските загуби да станат такви после кои навистина ќе има пауза. Згора на тоа, пауза не пред нови офанзиви на окупаторите, туку пред нивното бегство од нашата украинска родна земја. И јас сум им благодарен на сите наши борци кои се грижат за тоа ова време да се приближи.

Тоа е неизбежно како и казната за окупаторите. Но, ние мора да се држиме, мораме да се бориме заедно на сите фронтови сега – на политичкиот, информативниот и економскиот фронт, без никаде да покажеме слабост. Оваа војна можеме да ја издржиме само заедно – апсолутно сите, секој Украинец, секоја Украинка.“

Next Post

Адеми: Македонскиот јазик е заштитен и ќе стане официјален јазик на ЕУ

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk