ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од европската култура

Да убедувам некого дека говорам на македонски и дека сум Македонка е исто како да ве убедувам дека вечерва сте тука, на отворањето на уште едно „Охридско лето“ – рече за крај министерката.

July 13, 2022 10:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотини шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да ни земат – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето на шеесет и второто фестивалско издание на „Охридско лето“.

– И денеска, на шеесет и второто „Охридско лето“ да кажеме – Цариград „излеа вино и елеј“ како мелем на раните кои пред двесте и шеесет години ни ги отвори. Ние ја дочекавме убавата вест, како секогаш, исправено, ние на нозе го доживеавме повторниот благослов. Ја зачувавме својата црква, ја возобновивме Охридската архиепископија во ликот на Македонската православна црква, генерации и генерации со исконска љубов го чуваа и го зачувавме идентитетот македонски – истакна Костадиновска-Стојчевска.

И „Охридско лето“, посочи министерката, е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура.

Охридско лето 2022

1 of 5
- +

– Нашиот поглед кон минатото не е за да ѝ го завртиме грбот на иднината. Не. Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле за да мораме да го вртиме погледот од него. И нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги, и нашите ора, и нашите куќи, и нашата кујна – сè е идентитет. И тоа што сме Македонци е идентитет, идентитет што го наследуваме, а од нас зависи дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста. Идентитет е и домашното воспитание. Идентитет е и љубовта кон сопствената култура и уметност – потенцираше министерката Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, „Охридско лето“ е врвен културен настан, достоен за светско внимание. Секое негово издание е нов хоризонт, нова далга.

– Да убедувам некого дека говорам на македонски и дека сум Македонка е исто како да ве убедувам дека вечерва сте тука, на отворањето на уште едно „Охридско лето“ – рече за крај министерката.

Шеесет и второто фестивалско издание беше отворено со грандиозен концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.

Љубителите на уметноста во следните 40 дена ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Предвидено е да настапат над 1000 уметници од 25 земји.

Next Post

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба и воведен полициски час

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk