Последниот европски предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ и чиста формулација, односно македонскиот јазик во Унијата, пишува во соопштението на СДСМ.
Македонски јазик без фусности, без додавки ќе стане еден од официјалните јазици на Унијата, а како што пишува во соопштението на македонски јазик ќе биде преведено и законодавството на ЕУ. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Тоа значи затворање на сите идентитетски прашања и обезбеден македонски идентитет, велат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека ова е остварување на уште една стратешка цел – започнување преговори и членство во ЕУ, како Македонци со македонски јазик. Пред Собранието денеска е важна одлука, како што пишува во соопштението за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.
Време е за одлука. Преку усвојување соодветни заклучоци, кои ќе бидат задолжителни за сегашната но и за секоја идна Влада да се обезбеди европскиот пат на земјата и безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои во ниту еден момент не се преговара, пишува во партиското соопштение.
Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес за Собранието да го продолжи европскиот пат, велат од СДСМ.