Вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав, информираше лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Мицкоски порача дека избори мора да има, а ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да се случи, а за тоа гаранција се пратениците на опозицијата кои се заедно во оваа битка.