ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска со амбасадорите на земјите членки на НАТО: Најголемата сила на Алијансата е заедништвото и одлучноста

July 21, 2022 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска имаше работен состанок со амбасадорите и одбранбените аташеи на земјите членки на НАТО и земјите поканети за членство во Алијансата, Шведска и Финска, со фокус на клучните одлуки од Самитот на НАТО во Мадрид.

Министерката Петровска нагласи дека донесувањето на новиот Стратешки концепт, засилувањето на заедничката одбрана и одвраќањето, како и силната политичка и практична поддршка за Украина ќе овозможат прилагодување на новата безбедносна реалност на континентот со цел НАТО да продолжи да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.

„Заложбата на сите е дека треба одлучно да се брани и одбрани меѓународниот поредок заснован на правила, демократија, индивидуални слободи и човекови права. И покрај разликите, сојузниците отсекогаш можеле да се обединат околу основната цел: да се бранат едни со други и да ги чуваат луѓето безбедни“, рече Петровска.

Петровска потенцираше дека руската инвазија врз Украина го наруши мирот во Европа, но ги сплоти сојузниците, додавајќи дека во ера на променета безбедносна архитектура на европскиот континент историските одлуки на Шведска и Финска за влез во НАТО, само ќе ја зајакнат Алијансата и евроатланската безбедност.

Од страна сојузниците беше нагласено дека за секоја одлука ќе имаат кохерентен и комплементарен пристап со цел взаемно зајакнување на меѓународниот мир и безбедност. Земјите членки ќе бидат фокусирани на стабилноста на евроатланската област преку воената мобилност, отпорноста, влијанието на климата, Агендата за жени, мир и безбедност, како и борбата против сајбер и хибридните закани и преку решавање на системските предизвици со кои се соочува Алијансата. НАТО треба да остане кредибилна организација, која ќе биде подготвена во секое време да ги штити интересите и вредностите на нејзините членки.

„Во ера на стратешки натпревар, додека авторитарните режими ги оспоруваат основните принципи за нашата безбедност, Алијансата мора да соработува уште поблиску со истомислениците, заедно со 32 нации на масата ние ќе бидеме уште посилни а нашите народи уште побезбедни” – заклучи Петровска.

Next Post

Турција, Финска и Шведска во август ќе разговараат за договореното во Мадрид

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk