ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите (ВИДЕО)

July 21, 2022 18:39
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски во писмена изјава за ЦИВИЛ за панел дискусијата на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата, истакнува дека е потребно да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите.

„Во време на забрзан технолошки развој и дигитализација, достапноста до информации преку дигиталните платформи е сѐ поголема.

Традиционалните медиуми го губат своето влијание, а дигиталните платформи, блоговите и социјалните медиуми стануваат главниот извор на информирање.

Ваквата експанзија, покрај бројните придобивки, со себе го носи предизвикот на брзо ширење на дезинформации.

Наместо за ширење на брза, навремена и точна информација, дигиталните платформи многу често се злоупотребуваат за пласирање на дезинформации за остварување на влијание и насочување на јавното мислење во функција на одредени агенди. Ова станува закана по националната безбедност, поради потенцијалот за поткопување на демократските процеси.

Северна Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани, и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава.

Одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангажман од повеќе чинители – државни институции, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и од системот на образование. Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите.

Како претседател давам поддршка на секоја иницијатива што е во функција на воведување добри практики, со цел намалување на ширењето на дезинформациите, а унапредување и развој на демократијата.“, истакнува Пендаровски.

Учесници на панелот „Слонот во собата“ беа Зоран Иванов (водител), Александар Николиќ Писарев, Љубомир Костовски, Дехран Муратов и Џабир Дерала.

Next Post

На Табановце за влез и излез од земјата се чека околу еден час

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk