Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, повикува на мобилизација на населението за побрзо гаснење на шумски пожар во беровско.
Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски, објави градоначалникот Пекевски.
Пожар во беровско. Фото: МИА
Тој нагласува дека Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година.
Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година.
Ј. Ѓ.