ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија

July 24, 2022 20:43
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешната изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија.

– Условите кои се дел од Договорот, посебно правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност со нашите добрососедски односи и придржувањето кон Договор, истакна Ердоган.

Во Тракија муслиманите се 32 отсто од населението, меѓу кои мнозинство се етнички Турци, Роми и Помаци.

Договорот од Лозана, потпишан во 1923 година од новоформираната Република Турција и сојузниците по Првата светска војна, ги регулираше правата на преостанатите муслимански малцинства во Грција и на христијаните во Турција, по остри конфликти меѓу двете земји и размена на население.

Договорот, исто така, ја регулира власта на Грција врз островите во Егејското Море во близина на турскиот брег. Анкара неодамна се пожали дека Грција го прекршува Договорот од Лозана со милитаризирање на тие острови. Грција одговори дека постапува во согласност со меѓународното право и ја брани територијата, што е под постојана турска закана.

Минатиот месец Ердоган се повлече од разговорите на високо ниво со Атина./МИА/

Next Post

Лекарот на Бајден: Претседателот добро закрепнува од коронавирусот

Shortcut

Најново

На која планета живее власта?

August 20, 2026

Класична вечер на плоштадот „Скендербег“: Младинскиот оркестар на Западен Балкан го заокружи културното лето во Чаир

August 20, 2026
Меѓународен стрип-салон и конкурс „Велес 2026“

Рекорден број учесници на 23. Меѓународен стрип-конкурс „Велес 2026“: Прогласени најдобрите автори

August 20, 2026

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk