ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со лажни изјави на Черчил намерно се распламтуваат националистички страсти

July 26, 2022 12:38
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и службеник во општина Гази Баба, на својот Фејсбук профил, во 1:23 после полноќ, објавил непостоечка изјава на Винстон Черчил.

На фејсбук профилот на Тодор Петров овој пост има голем број реакции и споделувања.

Фејсбук страницата на „Македонија Macedonia Macédoine“, која како своја мисија си ја поставила целта да ги архивира документи од минатото за обединување на сите Македонци, ја пренесува објавата на Петров 10 часа подоцна и за еден ден постигнува над 1000 реакции и речиси илјада споделувања.

Две сознанија произлегуваат од потрагата по автентичноста на оваа „изјава“ или „запис“ на Винстон Черчил. Првото е дека колку и да се обидувате, никаде нема да најдете извор или документ кој ќе потврди дека Черчил изјавил или запишал вакво нешто. Второто сознание доаѓа кога ќе почнете да го одмотувате клопчето за генезата на оваа дезинформација – тогаш ќе откриете дека таа се рециклира, најмалку од 2018 година наваму во повеќе наврати, и очигледно, во политички чувствителни околности.

На пример, порталот mreza.mk ја објавува оваа дезинформација два дена пред Тодор Петров, односно на 23 јули со наслов „Черчил за нашата држава: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа сите ја негираат“. Трагата потоа ќе ве донесе и до magazin.mk, каде што со истиот наслов  дезинформацијата за Черчил е објавена на 31 мај 2022 година.

Порталот Македонска нација (mn.mk), дезинформацијата за наводната изјава на Черчил ја објавува два пати. Еднаш на 8 декември 2018 година (кога се водеше јавна расправа за уставните измени), со наслов „ЦЕЛАТА ИСТОРИЈА НА ЕВРОПА ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНИЈА ЗАТОА СИТЕ ЈА НЕГИРААТ“, и потоа на 10 април 2019 година (во тек на кампањата за претседателски избори) со наслов „ЧЕРЧИЛ ЗА МАКЕДОНИЈА: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, Европа ја подели Македонија во 1913“.

Непостоечката изјава на Винстон Черчил на Фејсбук и Твитер ја споделува и една позната универзитетска професорка, која како наградуван научник („научник на годината“) би требало да ги проверува информациите и да наведува релевантни извори.

По проширената непостоечка изјава на Лавров, и македоноцентричната „изјава“ на Черчил, можеме да регистрираме тренд на намерно и организирано распламтување на националистички страсти на социјалните мрежи, преку ширење на лажни изјави кои им се припишуваат на познати политичари.

Извор: ИМА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи-Кравињо: Стартот на преговорите ќе ги стимулира и мобилизира сите чинители во државата во насока на остварување на европската перспектива

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk