ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи-Кравињо: Стартот на преговорите ќе ги стимулира и мобилизира сите чинители во државата во насока на остварување на европската перспектива

July 26, 2022 12:55
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо, денес оствари официјална посета на Република Северна Македонија.

Покрај билатералните релации меѓу двете земји, во фокусот на разговорите беше иднината на процесот на проширување на Европската Унија во светло на почетокот на преговорите со Република Северна Македонија и поддршката на Португалската Република во тој контекст.

Министерот Османи се заблагодари за континуираната португалска поддршка на нашиот европски пат, потенцирајќи дека Северна Македонија останува силно посветена на реформските задачи кои ќе треба да ги исполниме во текот на преговорите и на градењето добрососедски односи како влог во нашата европска иднина.

„Посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија. Долгогодишните разочарувања, пречки и блокади ги претворивме во дополнителен предизвик кој ни овозможи со аргументи, истрајност и верба во добрососедските односи, да дојдеме до решение за отпочнување на преговори за членство. Искрено верувам дека овој процес дополнително ќе ги стимулира и мобилизира сите чинители во државата, заеднички да работиме посветено на нашето реформско досие, имајќи предвид дека евро-интеграцијата е суштински кохезивен елемент на нашето општество. Се согласивме дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист – за Северна Македонија, за Регионот, но и за кредибилитетот на ЕУ во насока на довршување на процесот на европското обединување“, истакна Османи.

Долгоочекуваното ново поглавје во евро-интегративниот процес после 17 години кандидатски статус е придобивка која граѓаните целосно ја заслужија уште одамна, констатираа соговорниците.

На средбата беше нагласено и задоволството од досегашниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Португалската Република, со нагласок на потребата од продлабочување на економските односи, како и можностите од искористување на потенцијалот за интензивирање на секторската соработка.

Министрите разговараа и за меѓусебната поддршка во мултилатералните организации, а беа разменети мислења и за актуелни меѓународни прашања, со акцент на состојбата во Украина.

Next Post
Ракетен систем ХИМАРС. Фото: Sgt. James Lefty Larimer/us Army/Zuma Press/Profimedia

Оружјето што го промени текот на војната: Поради тоа, Русите всушност се согласија да ги одблокираат украинските пристаништа

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk