ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ најавува две нови кампањи за приближување до граѓаните и ребрендирање на партијата

Во духот на транспарентноста, од СДСМ брифираат дека се свесни за одредени проблеми и ги охрабруваат градоначалниците да го следат примерот на оние кои вршат креативен и позитивен притисок врз министерствата, а како позитивен пример беше издвоен градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тие нагласуваат дека секако тука е и поддршката од меѓународните институции и организации, како ИРИ и НДИ. Следат трибини, теренски посети на домовите и кампања под мотото „На прав пат“...

October 3, 2019 13:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Високи претставници на СДСМ брифираат дека во текот на летото биле извршени многу промени во реорганизација на политичката партија. Во рамки на реорганизацијата назначени се нови 168 раководители на сектори и комисии, со цел да се приближат граѓаните до социјалните проблеми и да се приближат до решавање на проблемите на локално ниво.

Во тек се завршните подготовки за ребрендирање на политичката партија. Партијата ќе ги преземе црвената и белата боја кои се симболи на социјалдемократијата.

СДСМ на 5 октомври, или оваа сабота, започнува со нова кампања „На прав пат“ која ќе започне од Штип и на истата ќе учествува највиското партиско раководство. Ќе бидат организирани 10 поголеми и две помали трибини. Од 20 октомври ќе започнат и теренски посети на домовите („од врата на врата“) каде граѓаните ќе имаат можност да се информираат за владините мерки, но и да ги информираат комисиите дали се задоволни од работата на функиционерите, да даваат предлози и да ги изнесуваат своите барања… Граѓаните ќе добиваат и прашалници за да се изјаснат дали се, или не се задоволни од услугите на институциите на локално и на централно ниво.. .Комисиите ќе работат исклучиво на терен.

Во завршна фаза се и подготовките за реорганизација и зајакнување на Аналитичкиот центар на СДСМ кои ќе биде наменет за решавање на граѓаните. Ќе се спроведат 20 анкети за проблеми на локално ниво.

На брифингот беше истакнато дека градоначалниците се жалат дека многу нивни проекти се заглавени во институциите на централно ниво.

Во духот на транспарентноста, од СДСМ брифираат дека се свесни за одредени проблеми и ги охрабруваат градоначалниците да го следат примерот на оние кои вршат креативен и позитивен притисок врз министерствата, а како позитивен пример беше издвоен градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тие нагласуваат дека секако тука е и поддршката од меѓународните институции и организации, како ИРИ и НДИ.

Достапноста на партијата е максимална, што значи дека ќе биде полесно да се решат сите проблеми на граѓаните, од било каде низ земјата, велат од политичката партија.

И. Т.

Next Post

Филипче: Заврши првата фаза од тендерот за изградба на новиот клинички центар

Discussion about this post

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk