ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Берлин ја обвинува Москва за „игри на моќ“ со испораките на гас

July 27, 2022 20:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската Влада ја обвини Русија за „игри за моќ“ бидејќи протокот на гас на рускиот државен Газпром преку гасоводот „Северен тек“ денеска беше намален на 20 отсто, загрозувајќи го процесот на полнење за зимата.

Испораките на гас преку Северен тек во Европа денеска паднаа на речиси 20 отсто од капацитетот на гасоводот, покажуваат податоците на германскиот оператор „Гаскаде“.

– Тоа е игра на моќ, изјави портпаролот на германската влада на прес-конференција во Берлин.

Податоците на веб-страницата на „Nord Stream AG“ покажаа дека ситуацијата е речиси преполовена од 8 часот по средноевропско време на 14.423.764 киловат часови (kWh/h) од 8 до 9 часот наутро, од претходните нивоа над 27.000.000 kWh/h.

Рускиот гасен гигант Газпром, кој е под државна контрола, во понеделникот објави дека ја запира втората гасна турбина на Северен тек 1 на гасоводот кон Германија кој веќе работи само со 40 отсто капацитет, и оти поради тоа протокот на гас ќе се намали за половина.

Намалувањето на протокот е уште еден удар за испораките на гас за најголемата европска економија во време на зголемени тензии меѓу Русија и Западот, кои разменуваат економски удари како одговор на руските акции во Украина.

Со месеци Европската унија ја обвинува Русија дека уценува со енергија, а Кремљ тврди дека прекинот е предизвикан од одржувањето на гасоводот и последиците од западните санкции.

„Газпром“ очекува турбината да биде испорачана од Канада, каде што ја сервисираше „Сименс енерџи“.

Портпарол на Кремљ вчера рече дека „една од турбините испратени во Канада на ремонт сè уште не е пристигната, таа е на пат и се надеваме дека ќе пристигне наскоро“, а друга турбина се соочува со тешкотии.

– Ситуацијата е сериозно комплицирана од ограничувањата и санкциите воведени против нашата земја, рече Песков, велејќи дека Северен тек 1 би работел нормално без санкциите.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек го нарече ставот на Кремљ „фарса“ и тврди дека руската Влада одамна ги донела одлуките за гасот.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „игра перфидна игра“.

Шефот на германската гасна и електрична мрежа, Клаус Милер, исто така ја обвини Москва дека ја користи енергијата како политичко средство, дури и како воено оружје.

Со нискиот проток на гас од Русија, расте загриженоста дека германската Влада ќе мора да ја намали потрошувачката во претстојната зима. Бидејќи гасот се користи за греење, потребите ќе се зголемат доколку зимата стане постудена.

Германските залихи вчера изнесуваа 66,4 отсто, а Владата сака да ги пополни до 75 отсто до 1 септември и 95 отсто на 1 ноември за да спречи недостиг за домаќинствата и индустријата.

Европските политичари постојано предупредуваат дека Русија би можела да ја прекине испораката на гас оваа зима, потег што може да ја турне Германија во рецесија и да предизвика поскапување на бензинот за потрошувачите, кои веќе се соочуваат со високи цени на енергијата и храната. /МИА/

Next Post
Фото: Фронтлајн

Гаревски: Спрема статистиката, не би требало да има поголем земјотрес во Скопје од оној што беше во 63та

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk